Оставки на претседателот и двајца членови на ДИК | Македонија | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оставки на претседателот и двајца членови на ДИК

Александар Чичаковски, претседател на ДИК, и членовите Виолета Дума и Игор Милев поднесоа оставки.

Оставките на тројцата членови на Државната изборна комисија следуваат по протечените информации дека во изминатите 18 месеци, членовите на ДИК во три наврати си доделиле 12 надоместоци, што предизвика голем револт во јавноста

Според Одлуката за исплата на надоместоци за спроведувањето на последните локални избори и Правилникот за определување надоместоци, донесени на затворена седница на 16 ноември, членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати. Четири дополнителни нето исплатени плати добиле претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, заменик-претседателот Реџеп Прекопуца, како и членовите на комисијата Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Бедредин Ибраими, предложен од ДПА, и Ермира Асани Салија, која седна на неговото место предложена од Беса, добиле дополнителни две нето исплатени плати. Членовите на ДИК си поделиле три плати и за закажаните, а неодржани избори во април минатата година. Пет плати бонус, пак, зеле за предвремените парламентарни избори, па сумирано, изнесува 12 дополнителни плати во период од година и половина, односно 30 плати за 18 месеци

Чичаковски претходната недела објави дека ќе ги донира парите на невладината „Полио плус“, за проекти за лицата со хендикеп. Милев и Дума ги вратиле бонусите во државниот буџет.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува во 2020 година.

 

DW.COM

Реклама