Оставка на Проди | Теми на денот | DW | 22.02.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Оставка на Проди

Италијанскиот премиер Романо Проди вчера поднесе оставка. На тој начин реагираше на неуспехот при гласањето во сенатот за насоките на неговата влада во надворешната политика.

Не издржа ниту девет месеци и поднесе оставка: Романо Проди

Не издржа ниту девет месеци и поднесе оставка: Романо Проди

Романо Проди само кусо беше кај претседателот Џорџо Наполитано во палатата Квиринале каде што ја понуди својата оставка. Чекор што неговиот противник, лидерот на опозицијата Силвио Берлускони, го прими со задоволство:

„Парламентот не даде согланост. Земјата бргу мора да излезе од оваа катастрофа„.

Неуспехот при гласањето во Сенатот уште еднаш го покажа стариот проблем на италијанската левица: комунистите по вторпат во период од десет години го соборуваат премиерот Романо Проди. Во есента 1998 година владееше две години, овојпат нема ни девет месеци. При што Проди во никој случај не ја загуби довербата. Меѓутоа, неговиот министер за надворешни работи Масимо Д’Алема пред гласањето сакаше левото тркало на коалицијата да го стави во ред со укажувањето дека без заедничка надворешна политика не е можен опастанок на владата. А, вчера стана збор за продолжувањето на мисијата во Авганистан. Министрот бараше илјада и 700-стотините италијански војници да останат на Хиндукуш. Масимо Д’Алема:

„Смирувањето во Авганистан не е мисија на НАТО. Тоа е мисија на Обединетите нации, во чии рамки НАТО заедно со други држави исполнува деликатна и важна воена функција, но мисијата во прв ред е политичка и цивилна„.

Со сенаторите од сопствениот табор беше договорено својата согласност да ја дадат во тесна врска со едно друго прашање: имено, со изградбата на американска воена база во близината на Виченца. За обете владата на Проди беше обврзана од ветувањето на претходната на Берлускони. Меѓутоа, тоа не ги привлече двајцата противници од комунистичката партија. Бидејќи Проди опстои на изградбата на базата, тои се воздржаа од гласање исто како и двајцата доживотни сенатори, меѓу нив и повеќекратниот министер за надворешни работи и премиер, Џулио Андреоти. Бидејќи воздржувањето се смета за глас против, владата падна. Претседателот Џорџо Наполитано денеска ќе започне сондажни разговори за формирање нова влада. Тој не мора веднаш да распише нови избори. Ако на Проди му успее дел од опозиционите демохристијани да ги привлече во владата, тој би можел повторно да состави нова влада, но тоа е малку веројатно.