Оставка на германскиот вице-канцелар | Теми на денот | DW | 13.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Оставка на германскиот вице-канцелар

Франц Минтеферинг, долгогодишен министер за труд и вице-канцелар во големата коалиција, уште во текот на овој месец ќе се повлече од функциите. Со тоа, социјалдемократите го губат својот најважен човек во владата.

default

Франц Минтеферинг се повлекува од семејни причини

Министерот за труд и вицеканцелар, Франц Минтеферинг, дава оставка на функциите поради чисто семејни причини, соопшти неговиот портпарол во Берлин. Сопругата на Минтеферинг, Анкепетра, е болна од рак и минатата недела била подложена на уште една операција. Поради тоа, 67 годишниот министер минатата недела откажа повеќе важни термини.

Опозицијата говори за криза што се продлабочува

Според опозицијата, оставката на министерот не е предизвикана само од семејни причини. Минтеферинг, не можеше да ги протурка неговите политички барања, како определувањето минимална плата, вели генералниот секретар на либералите, Дирк Небел. Шефицата на фракцијата на зелените, Ренате Кинаст, изјави: “Коалицијата и онака е во криза, која со заминувањето на Франц Минтеферинг уште повеќе се продлабочува.“

На такво мислење е и фракцијата на левицата, која на социјалдемократите им препорачува да ја напушти големата коалиција, зашто само на тој начин може да ја спаси сопствената веродостојност. Политичарите на унијата,пак, не гледаат опасност за големата коалиција. Тие искажуваат респект за работењето на Минтеферинг, кој како што рече шефот на пратеничката група на ЦСУ, Петер Рамзауер, бил столб на стабилизирање, но тоа не значи дека кога ќе го нема работите ќе се дестабилизираат. Генералниот секретар на ЦДУ, Роналд Пофала, пак, рече: “Имаме голема почит кон решението на виценканцеларот да се повлече од функциите поради семејни причини. Жалиме поради ваквото решение. Франц Минтеферинг беше важен столб за успешната работа на големата коалиција. “

Минтеферинг не можеше да ги “протурка“ своите барања

На седницата на коалицијата, вчеравечер, Минтеферинг претрпе пораз. Социјалдемократите не можеа да го протнат своето барање за минимална плата за поштата. И во внатрешно-партиското одмерување на силите со лидерот на СПД, Курт Бек, Минтеферинг беше поразен. Бек, имено, успеа да добие поддршка од делегатите на конгресот на СПД за својот предлог – помошта за невработени да се исплаќа подолг период отколку сега предвидениот, зашто со тоа има намера на СПД да и‘ даде повторно посоцијален профил. Минтеферинг не се согласуваше со ваквото барање и нагласуваше дека не смее да се отстапува од сегашниот реформски курс.

Добар соработник на Меркел

Bundeskanzlerin Angela Merkel, rechts, und Vize-Kanzler Franz Muentefering, links, berichten waehrend einer Pressekonferenz am Freitag, 24. August 2007, in Berlin ueber die Ergebnisse der Kabinettskla

Минтеферинг и Меркел на една прес-конференција

Минтеферинг е министер за труд и вицеканцелар од 2005 година. На функцијата работеше пред се на тоа – да се продолжи со реформите на пазарот на работна сила, донесени за време на владеењето на црвено-зелената влада. Пролетта 2004 година, тогашниот канцелар, Герхард Шредер, го донесе Минтеферинг на местото лидер на СПД, за да спречи натамошен пад на рејтингот на СПД кај избирачите. Внатрешно-партискиот конфликт околу социјалните реформи, беа повод Шредер да се заложи за предвремени избори. Минтеферинг стана министер за труд и вицеканцелар, но ја напушти лидерската позиција во СПД, откако не успеа на местото генерален секретар да го постави кандидатот за кој тој се залагаше.

Со канцеларката Меркел, Минтеферинг соработува добро. Како негов наследник на местото министер за труд во игра е раководителот на парламентарната фракција на СПД, Олаф Шолц, додека на местото вицеканцелар, од кругови на СПД, се споменува доаѓањето на министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер.