Основачко свидетелство на Блискоисточниот конфликт | Свет | DW | 02.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Основачко свидетелство на Блискоисточниот конфликт

Какви далекусежни последици ќе ги имаат неговите редови, Артур Џејмс Балфур не ни претпоставувал кога го зел пенкалото в рака за да ја напише декларацијата која подоцна беше наречена по него.

Денес на Балфуровата декларација ѝ се припишуваат карактеристики на основачко свидетелство за конфликтот на Блискиот исток. Тогашниот министер за надворешни работи на Обединетото Кралство, Балфур, сакаше на британската влада да ѝ ја обезбеди наклонетоста на одредени еврејски кругови. Во Првата светска војна Велика Британија сакаше поддршка од Русија и САД, а во двете земји живееше голем процент еврејско население. Затоа Балфур пиша дека Велика Британија со одобрување гледа на создавањето национална татковина за еврејскиот народ. Од гледна точка на Родерик Балфур, правнук на братот на британскиот министер, автор на декларацијата од 2 ноември 1917 година, таа имала своја основа.

Темел на израелската држава

Наследникот неодамна беше гостин на конференција во Ерусалим каде бараше разбирање за позицијата на својот прачичко.

„Секаде на светот тогаш имаше проблеми. Беше сред Прва светска војна. Имаше се повеќе лоши појави и владите мораа да одлучат, да прават политика најдобро што знаат и умеат." , вели Родерик Балфорт

Декларацијата имаше последици: Велика Британија во првата светска војна ја презема управата над Палестина од Турците и владееше со неа. Зборовите од декларацијата на лордот Балфур влегоа и во мандатот што во 1922 и беше доделен на Велика Британија од страна на Лигата на народите. Во Израел изјавата на Балфур до денес се смета за темелот на израелската држава која подоцна во 1948 беше формирана. Премиерот Бенјамин Нетанјаху на сто годишнината од декларацијата допатува во Лондон: „Со декларацијата на Балфур пред сто години се распространиле идејата за повторно заживување на еврејскиот народ во светот. Таа декларација ни ја призна историската и вечна поврзаност со земјата Израел на меѓународно ниво." , истакна Нетанјаху.

Арапската страна се согласи со декларацијата, но само под условот Велика Британија на Арапите да им  даде независност што никогаш не се случи. Денес Палестинците декларацијата ја доживуваат како и нивниот претседател Махмуд Абас.

Отворен патот за прогон на Палестинците

Декларацијата го отворила патот за прогон на палестинскиот народ, рече Абас во обраќање пред ООН. Велика Британија немала право да владее со земјата, нагласи тој, додавајќи:

„Затоа од Велика Британија бараме по сто години да ја научи лекцијата и да се соочи со историската, правната, политичката и моралната одговорност - вклучително и извинување конпалестинскиот народ за предизвиканите катастрофи и направената неправда. Како последица треба да биде призната Палестинската држава."

Не може да се очекува дека Велика Британија ќе ги исполни условите - иако декларацијата на Балфур и таму е контроверзна. Што ли лордот Балфур денес би рекол за декларацијата? Би бил задоволен, смета неговиот потомок.

„Тој гледа од горе и вели: со декларацијата создадовме татковина за Евреите и сега таму има шест милиони луѓе. Нештата добро се развивале."

 

 

DW.COM

Реклама