Оригинална антидемократија во Романија | Свет | DW | 02.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оригинална антидемократија во Романија

„Релаксирањето“ на казните за злоупотреба на службената функција прави да биде очигледно јасно дека романската влада знае дека нелегалното го направи - легално. Сега на земјата ѝ е потребна помош од ЕУ.

Дојдоа заедно како сложни крадци во ноќта. Без да ги информира своите колеги во владата за неговите намери во текот на денот, министерот за правда Флорин Јордаче ги додаде контроверзните итни одредби на агендата на состанокот на кабинетот, кој беше закажан невообичаено доцна.

Потоа тој грубо го протурка декретот. Причината, како што владините поддржувачи неуморно потенцираат, е да се „олеснат државните затвори“, кои се преполни. Новите декрети беа објавени во службеното гласило истата вечер - со цел веднаш да имаат правен ефект.

Porträt Peter Janku (DW/M.Müller)

Петер Јанку вели дека ЕУ мора да интервенира во Романија

Наводно преполни затвори

Владата одби да ги прифати забелешките на експертите, кои постојано истакнуваа дека романските затвори во ниту една смисла не се преполнети, особено кога истите ќе се споредат со сотојбите во италијанските или холандските казнено поправни установи. На експресно свиканата прес конференција, Јордаче не го вознемирија критиките базирани на факти. Тој само повторуваше дека владата и парламентот „имаат право да носат закони и декрети“.

Но, вистинската цел на декретот може да биде насетена токму преку брзината со која  беше воведен, и преку дрското непочитување на демократските и граѓански правила. Целта беше да се постигне „чиста ситуација“ преку декрет и да се овозможи продолжување на владеењето на претседателот на Социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, кој беше осуден за изборна измама и е соочен со дополнителни обвинувања.

Декретот, исто така, ќе им помогне и на десетици други партиски членови, кои се обвинети или се осудени за корупција и злоупотреба на службената функција.

Ова се случи и покрај масовните демонстрации, и покрај тоа што декретот беше остро отфрлен од опозицијата и невладините организациии. Одлуката  е донесена без оглед на барањето на претседателот за нејзино суспендирање и покрај тоа што не доби одобрување од алармираното судство и од претседателот на антокорупциското тело, ДНА, од кое се плашат политичарите од сите политички провиниенции.

Гневен претседател

Претседателот Клаус Јоханис, кој претходно ги повлече предложените нормативи од владината агенда, реагираше со загриженост. Популистичката партија ПСД и нивните либерални сојузници неколку пати му се закануваа со импичмент.

Јоханис оцени дека станува збор за „тажен ден“ и вети борба за враќање на владеењето на правото во Романија „до последниот ден на функцијата“. Тој се соочи со остри критики од сите страни, вклучувајќи ги и синдикатите, кои традиционално се блиски со левичарската националистичка влада.

Од главните централи на партиите во Европарламентот, каде се зафатени со Трамп и десничарските популисти во Централна и Источна Европа, владее молк. До утрото, само пратеникот на германската  Партија на зелените во Европарламентот, Ребека Хармс, на Твитер напиша порака со која ги повика претседателот на Европската комисија  Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, да ѝ помогнат да Романија да го одржи владеењето на правото.

Околу пладне, Јункер и германската амбасада во Букурешт конечно објавија соопштение со кое ја пренесоа нивната длабока загриженост. Но, соочен со ефикасната пропаганда на антидемократските и ултранационалистички медиуми, успехот на ваквата интервенција нема гаранција.

Не смееме да ја оставиме Романија сама

Дали владеењето на правото во Романија е фундаментално загрозено? Тука, во почетокот на 1990-те години, посткомунистите го именуваа својот авторитативен систем како „инвентивна демократија“.

И на други места, од Анкара до Будимпешта, од Варшава до Вашингтон, неконтролираниот популизам посега по некогаш оспоруваните принципи. Или можеби владеењето на правото во Романије е веќе мртво? Не е возможно да се исклучи ни едното ниту другото. Но, ургентно е потребно преземање мерки. Европа во никој случај не смее да ја остави Романија сама. Единствениот разумен начин е да се продолжи со внимателно следење на настаните и ефективна акција.

 

Реклама