Орбан ја загуби Будимпешта | Свет | DW | 13.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Орбан ја загуби Будимпешта

Унгарската опозиција однесе шокантна победа на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од доаѓањето на власт во 2010 година.

Ungarn Opposition vor Sieg bei Bürgermeisterwahl in Budapest | Gergely Karacsony (Reuters/B. Szabo)

Гергели Карашони

Опозицискиот кандидат Гергели Карашони ќе биде нов градоначалник на Будимпешта. По пребројани 89 проценти од гласовите на денешните избори во земјата, Карашони води со освоени 50 отсто од гласовите пред актуелниот градоначалник, Иштван Тарлос од владејачката Фидес со 45 проценти.
Тарлос, кој ја вршеше функцијата од 2010 година, веќе му ја честитал победата на својот ривал.
„Владата ја почитува одлуката на граѓаните на Будимпешта“, изјави портпарол на владата.
Карашони ја споредуваше битката за Будимпешта со онаа на изборите за градоначалник на Истанбул во која загуби кандидатот од партијата на претседатепот Реџеп Таип Ердоган.
По серија порази во претходните изборни циклуси, унгарската опозиција се обедини во надеж дека ќе успее да му се спротивстави на неприкосновениот премиер Виктор Орбан во Будимпешта и другите поголеми градови. И голем број други градови, 10 од 23, избраа опозициски градоначалници, благодарение на новата тактика, покажуваат првичните резултати.
„Изборите покажаа дека соработката на опозицијата функционира, а опозицијата ги постигна најдобрите резултати во последните години“, изјави аналитичарот Андраш Биро-Наги.
За многумина, овие избори беа литмус-тест за парламентарните избори во 2022 година.
„Будимпешта е големата награда, но пробивот во бројни провинциски градови е исто така важен“, вели Биро-Наги.
„Тоа е првиот процеп во системот на Орбан, и се чини сигурно дека стратегијата ќе продолжи и во 2022“, вели тој.







 

DW.COM

Реклама