Орбан - трн во телото на ЕУ | Свет | DW | 09.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Орбан - трн во телото на ЕУ

Унгарците му обезбедија нов мандат на премиерот Виктор Орбан, кој е трн во телото на ЕУ. Неговата демократски легитимирана демократија ќе биде уште поатрактивна за имитаторите, коментира Фолкер Вагенер.

Што им е заедничко на Виктор Орбан и на Ангела Меркел?  Само едно: двајцата се пред нивниот четврти мандат, други сличности нема. Настрана од нивните политички разијдувања, Орбан има решавачка предност во однос на Меркел: тој може да владее без товарот на обѕирност кон желбите на коалицискиот партнер. Меркел можеби потајно му завидува на тоа. Но, во суштина, таа треба да стравува од него. Орбановата Унгарија претставува модел на сторнирање на либералниот консензус во Европа, изграден по 1945. година. Таа е демократски легитимирано еднопартиско владеење, позиционирана помеѓу дефектна демократија и авторитаризмот на еден Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. „Илиберална демократија“, како што ја нарекува Орбан.

Повеќе: 

Парламентарни избори во Унгарија: Орбан по трет пат?

Моја Европа: Светлото и сенките на Виктор Орбан

Виктор Орбан и пропаста на Европа

Источна политичка ѕвезда

Орбанизмот влијае и надвор од делокругот на 10-милионската држава. Полската владејачка партија Право и правда го копира духовниот брат и политички близнак со сите сили, Чешка и Словачка отворено го симпатизираат и практикуваат ретроградна реформа на државата. Сите четири држави заедно ја сочинуваат Вишеградската група и претставуваат келија на отпор против Брисел, обвинувајќи го за туторство.

„Учиме од него“, изјави уште во 2016. година Јарослав Качински за Орбан. Ретко кога изборите во една релативно мала ЕУ-држава имале во поновото европско минато толку големо значење за односот Западна - Источна Европа. Тоа го потврдува и Орбаното воинствено претскажување. 2018-та година ќе биде „година на големи битки“, предвиде тој. Сега, 54-годишниот политичар е избран да предводи натамошни напади против Брисел.

Вавилонското неразбирање е длабоко вкотвено меѓу старата и новата ЕУ. На Исток никако не можат да го разберат, а камоли да го прифатат мулти-културниот актуелен дух на времето од Запад. А погледнато од Запад, Орбан, Качински и нивните партии не се ништо друго освен десничарски популисти и безсовесни, неблагодарни профитери од ЕУ.

Јасно е дека Орбан е најголемиот предизвик во семејството на ЕУ уште од времето кога со проширувањето на Исток, започна нова ера. Според мерилата на ЕУ, тој е пионер на владеењето на една партија. Глобално, се вбројува во кругот демократори како Путин, Трамп, Ердоган. Сите заедно се природни непријатели на она што со децении се сметаше за непобитна поврзница на Европа: демократија, слобода на мислењето и на печатот, владеење на правото.

Wagener Volker Kommentarbild App

Фолкер Вагенер

Орбановата сила е во слабоста на ЕУ

Орбановиот триумфален поход во сопствената земја трае веќе со години, меѓу другото и затоа што конзервативните партии во Европскиот парламент со години аплаудираат додека се разградува унгарската држава. На Европската народна партија, а посебно нејзината најголема група - германската Демохристијанска унија, ѝ требаат гласовите на европските пратеници од Фидес, зашто не сака да ризикува загуба на мнозинството. Накратко, Европската народна партија го штити Орбан од сопствена сметка. Со тоа и сите млаки критики на негова сметка делуваат насилено.

Па сепак, ЕУ да се научи на разбирање ако сака да ја надвладее внатрешната криза. Разбирање дека блиското минато, на кое луѓето уште се сеќаваат, на европскиот Исток течеше сосем поинаку отколку на Запад. Тежнеењето кон авторитарен систем на владеење е пораширено во Полска, Унгарија или Србија, зашто таму е попознато од социјалистичките времиња.

Националниот идентитет до 1989. година беше потиснуван од идеолошки причини и сега како да е потребно тоа да се надополни, пред на Исток да бидат спремни вистински да се приклучат кон ЕУ. Одбранбениот гард против бегалците, посебно муслиманите, се објаснува како чисто неискуство во односот со странците. Кој израснал во околности сосем поинакви од оние во Минхен, Копенхаген или Лион, тој може да има големи проблеми со пропишаната западна политичка коректност. 

Но, важи и ова: договор е договор. Унгарија се приклучи кон ЕУ, како и Полска. Тоа носи обврски, а правилата на играта им беа познати. Можеби уште има време за пеглање на несогласувањата. Во спротивно, важи правилото како и во фудбалот: за груб фаул се покажува црвен картон.

 

DW.COM

Реклама