Орбан подготвен да се извини за навредите кон ЕНП | Свет | DW | 13.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Орбан подготвен да се извини за навредите кон ЕНП

Унгарскиот премиер попушта во спорот со Европската народна партија, но членството на неговата Фидес и натаму виси. Вчера Орбан се сретна со Манфред Вебер, кандидатот за иден претседател на Европската Комисија.

Europa Wahlen l Europäische Volkspartei - Weber und Orban (picture alliance/dpa/MTI/S. Kosticsak)

Манфред Вебер и Виктор Орбан пред вчерашната средба во Будимпешта

Разговорите меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и лидерот на Европската народна партија (ЕНП) Манфред Вебер не успеаја да ги надминат разликите, а опасноста партијата Фидес на Орбан да биде исфрлена од најголемата европска конзервативна групација, останува.
На вчерашните разговори во Будимпешта, Вебер побарал од Орбан итен и перманентен крај на анти-ЕУ и анти-имигрантската кампања на Орбан, извинување до останатите членки на ЕНП за неговата реторика, како и поддршка за универзитетот на мултимилијардерот Џорџ Сорос во Унгарија.

ЕНП обединува околу 80 партии од цела Европа и е најголема група во Европскиот парламент, и многу веројатно ќе го даде и следниот претседател на Европската Комисија.
Вебер се обидува да изнајде компромис со Орбан и неговата националистичка Фидес, особено поради претстојните избори за Европскиот парламент во мај.

„Моите денешни разговори со премиерот Орбан минаа во конструктивна атмосфера, но проблемите не се решени“, изјави Вебер во Будимпешта.

Црвени линии
Шефот на кабинет на Орбан, Гергели Гулијаш, кој е и потпретседател на Фидес, изјави дека Орбан сака да остане во ЕНП иако има „некои граници кои не може да ги премине“, особено во однос на имиграцијата.

Ова е прва средба на унгарскиот премиер со германскиот конзервативец, откако минатата недела Вебер му даде ултиматум на Орбан или да ги почитува принципите на ЕНП или да си бара нов политички дом.

Вебер изјави дека барањето за обновена поддршка на унгарската влада за Централно Европскиот Универзитет (ЦЕУ) на Сорос, е најважното прашање кое мора да се реши за партијата на Орбан да остане во ЕНП. Универзитетот соопшти дека е принуден да ја напушти Унгарија откако тамошната влада влезе во отворен конфликт со основачот Сорос.

Во замена за правото на ЦЕУ да издава американски дипломи, кое унгарската влада го спори, Вебер предложил школата да се прошири и на техничко истражување со поддршка на Техничкиот Универзитет во Минхен, автомобилскиот гигант БМВ и неколку американски колеџи.

Гледај видео 01:36

„Никој не сака да живее во Унгарија“

Пред самитот на ЕУ во Брисел следната недела, ЕНП ќе одлучува дали да ја исфрли партијата на Орбан од членство.

Унгарските власти веќе најавија дека ќе ги тргнат билбордите на кои се напаѓаат Сорос и првите луѓе на ЕУ, и ќе ги заменат со други за промоција на кампања за зголемување на наталитетот. Дел од постерите беа покриени за време на посетата на Вебер.
Гулијаш вели дека кампањата официјално завршила, и дополни дека Орбан е подготвен да му се извини на секој кој се нашол навреден од неговите претходни изјави во кои тој ги нарекуваше своите колеги од ЕНП „корисни идиоти“. Гулијаш тврди и дека иднината на ЦЕУ е исто така загарантирана, иако од Универзитетот веќе планираат преселба на дел од курсевите во соседна Австрија и тврдат дека владата и натаму сака да ги избрка.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама