Орбан му го заврте грбот на Вебер за европските избори | Свет | DW | 15.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Орбан му го заврте грбот на Вебер за европските избори

Нов степен на ескалација во спорот меѓу Европската народна партија (ЕПП) и унгарскиот премиер. Орбан најави дека на европските избори нема да го поддржи кандидатот на ЕПП за претседател на Еврокомисијата, Манфред Вебер.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од Будимпешта порача дека главните кандидати за претседател на Европската комисија не се соодветни за оваа функција. Орбан рече оти нема да го поддржи кандидатот на Европската народна партија, Манфред Вебер, бидејќи ја навредил Унгарија велејќи дека не ги сака нејзините гласови.

„Нѐ чекаат тешки серии преговори за избор на претседател на Комисијата по изборите (за Европски парламент)“, изјави Орбан.

ЕПП, најголемата политичка група во Европскиот парламент, неодамна од членство ја суспендираше партијата на Обран - Фидес, поради загриженост дека во Унгарија доаѓа до слабеење на демократијата.

Повеќе:

-Скриената „заушка“ на Орбан

-На Орбан му се поставени три услови

-Побарано исфрлање на партијата на Орбан од ЕПП

EU Manfred Weber (picture-alliance/dpa/A. Weigel)

Манфред Вебер

Орбан вчера се сретна со австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, а двајцата рекоа оти Орбановиот „нов начин на размислување помогнал во запирање на илегалната миграција“ во Европа. Орбан во 2015 година подигна огради на јужната граница на Унгарија за да го спречи влезот на барателите на азил.

Унгарскиот премиер наведе оти сака ЕПП да го следи примерот на Австрија и да соработува со антимигрантските, евроскептичните, националистичките партии во Европа наместо со левицата, за која вели дека е „безнадежно, јавно и јасно промигрантска“.

 

DW.COM

Реклама