Орбан и Меркел си остануваат на своето | Свет | DW | 05.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Орбан и Меркел си остануваат на своето

Унгарија „воопшто не се чувствува одговорна“ за обработка на барања за азил, соопшти германската канцеларка Меркел по средбата со унгарскиот премиер Орбан. Средбата во Берлин покажа дека двајцата имаат малку заедничко.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одбива прием на бегалци кои според Даблинските правила на ЕУ би биле враќани од Германија. Унгарија „воопшто не се чувствува одговорна за обработка на барања за азил“, туку е на став дека тоа се „нерегистрирани бегалци од други земји, пред сѐ од Грција“, објасни германската канцеларка Ангела Меркел по разговорите со унгарскиот колега во Берлин.

Орбан, кој во својата земја има заземено остар курс на изолација од бегалците, пред новинарите изјави дека мнозинството бегалци доаѓаат од Грција, но дека таму честопати не се регистрираат. Тоа Унгарија го презема на себе, но луѓето би морало да бидат вратени во Грција, смета тој.

Унгарскиот премиер изјави дека со заштитата на јужната граница Унгарија ѝ одзема „голем товар“ на Германија. „Инаку, секојдневно во Германија би доаѓале по 4 до 5 илјади бегалци“, рече Орбан. Тој информираше дека унгарската ограда на границите со Србија и Хрватска е под 24-часовен надзор на околу 8.000 вооружени лица. Сега е „невозможно“ границата да се премине илегално, тврди тој. Затоа е „нефер што во Германија има обвинувања на сметка на Унгарија за недоволно солидарност“, рече Орбан.

Deutschland Berlin Viktor Orban und Angela Merkel (Reuters/A. Schmidt)

Во суштина различни ставови: Меркел и Орбан денеска во Берлин

Канцеларката Меркел ја истакна обврската на Европа на хуманост. Во дебатата за миграцијата не би смеело да се заборави дека се работи „за луѓе“, потенцираше таа. Таа оцени дека со Орбан и таму имаат разлики по прашањата на политиката на азил. И унгарскиот премиер рече дека се покажало оти тој и канцеларката имаат многу различни ставови околу темата миграција.

Ова е прва посета на Орбан на канцеларката од мај 2014. Унгарскиот премиер важи на најостар критичар на бегалската политика на Меркел.

 

DW.COM

Реклама