Ополномоштеник за борба против омразата кон муслиманите? | Информации и анализи за Германија | DW | 05.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Ополномоштеник за борба против омразата кон муслиманите?

Дали на Германија ѝ е потребен ополномоштеник за борба против омразата кон муслиманите? Мислењата на експертите се поделени.

На Германија ѝ е потребен ополномоштеник за борба против омразата кон муслиманите, изјави претседавачот со Централниот совет на муслимани во Германија, Ајман Мазјек за весникот Ноје оснабрикер цајтунг. Тој се заложи за тоа под впечаток на масакрот во новозеландскиот град Крајстчрч. Чекорот го образложи со „омразата кон муслиманите ширум светот“, која ја гледа и во Германија.

„Таков ополномоштеник е неопходен и на сојузно ниво и во покраините, бидејќи во Германија постои латентно антимуслиманско расположение“, истакна Мазјек. Според него омразата кон муслиманите е тема која е потценета во Германија, а тоа се виде по нападот во Крајстчрч, по кој и во Германија се случија повеќе напади.

813 антимуслимански напади во 2018 година

Маѕјек за волја на вистината забележува дека бројот на напади врз муслимани во Германија опаднал во минатата година. Во 2018 во целата земја се забележани 813 напади врз муслимани и џамии. Во 2017 пак имало 950 напади. Сторените деликти се различни: од нанесување телесни повреди, преку навреди, поттикнување на омраза, нанесување штета на имот па сѐ до употреба на нацистички симболи. 

 Aiman Mazyek (picture-alliance/dpa/S. Stache)

Ајман Мазјек

Но, не треба да се заборави, дека податоците за 2018 се нецелосни и оти министерството за внатрешни работи смета дека тој број може да порасне. Исто така треба да се напомене дека бројот на повредени во нападите од 32 во 2017 се искачил на 54 во 2018 година.

Повеќе:

-Може ли муслиман да биде германски канцелар?

-Ислам во, од и за Германија

-Во Германија се зголемува непријателството кон странците

Мазјек проценува дека скриените бројки се уште поголеми, со оглед дека не се опфатени сите кривични дела. Токму затоа, според него, потребен е ополномоштеник кој на пресконференции ќе ја известува јавноста и ќе го унапредува политичкото образование. „Секој напад врз малцинска група е напад врз демократијата“, истакнува Мазјек.

„Законот против дискриминација е повеќе од доволен“

Целосно поинаку на тоа гледа, експертот за ислам и интеграција Ралф Гадбан, член на Германската исламска конференција. Тој стравува дека  таков ополномоштеник, би можел, не по сопствена војла, да доведе до фрагментирање на општеството, наместо да придонесе за кохезија. Тој исто така предупредува дека таков ополномоштеник за заштита на поединечни групи, би можел несразмерно да го зголеми нивното чувство за идентитет, така што ќе се намали нивната идентификација со општеството во целина.

Neuseeland Premierministerin Jacinda Ardern (picture-alliance/AP Photo/V. Thian)

Џасинда Ардерн

Од 2006 година во Германија во сила е Општиот закон за еднакво третирање, кој би можел слободно да се толкува како Закон за забрана на дискриминацијата, истакнува гадбан во разговор за ДВ. Според него тоа е сосема доволно. „Ако секоја група дополнително би ја внесувале тука, каде би бил крајот. така по феноменот на омраза кон муслиманите, би можело да дојде до феномен на омраза кон Германците. И потоа постојано би се откривале нови групи на кои им е потребна заштита. на крајот би имале безброј групи со енромна сила за интеграција, на кои, меѓутоа, им недостасува однос кон општеството во целост, а во најлош случај тие би можеле да се завртат една против друга“.

Ополномоштеникот за борба против антисемитизмот, како пример?

Генералниот секретар на Централниот совет на муслиманите во Германија, Абдасамад ел Јазиди како пример за другите го гледа ополномоштеникот за борба против антисемитизмот. Централниот совет на муслиманите тоа јасно го поздравува. „Ние муслиманите се заложивме за борба против нападите врз Евреите. Антисемитизмот е неприфатлив, но и антимуслиманските напади и подбуцнувања се неприфатливи“, вели тој.

Досега во Германија исклучиво постои ополномоштеник на сојузната влада за борба против антисемитизмот. Од 2018 година тоа е Феликс Клајн. Дури и оваа канцеларија е основана со одлука на Бундестагот во средината на јануари 2018 година, под впечатокот на пораст на антисемитски кривични дела. А Германија, поради геноцидот врз Евреите во Втората Светска Војна се обврза на посебна заштита на припадниците на оваа заедница.

11.10.2012 DW QUADRIGA Ralph Ghadban

Ралф Гадбан

Нејасни граници

Треба ли тоа сега да важи и за муслиманите? Се разбира, вели Ралф Гадбан. Но тој сепак предупредува дека ополномоштеник за тоа би добил монопол за дефиницијата за критиката на исламот. Имено, тоа би ѝ наштетило на либералната политичка култура на Германија, истакнува Гадбан. Зашто поимот „омраза кон Исламот“ конечно би можел, смета тој, критиката на исламот да ја направи невозможна. Тука постои и опасност за ограничување на слободата на мислење. „Има луѓе кои сакаат исламофобијата да ја поистоветат со расизмот. Последица на крајот би можела да биде забрана на критиката на исламот. Но, основа на на нашата демократија е да смееме да ги критикуваме религиозните заедници“.  

Гадбан напоменува дека критиката би морала да остане во стручни рамки: „Но тука во основа се заканува опасност критиката да се ограничи. Се заканува и опасност критиката на исламот да потпадне под поимот 'исламофобија' и така да биде забрането. Тоа би бил опасен развој на ситуацијата“.

Ел Јазиди, генералниот секретар на Централниот совет на муслиманите не сака да дозволи вакви обвинувања, Секоја религиозна и друга група мора да прифатќа критика: „Се разбира дека прифаќаме критика. Исламот се темели на принципот на критика и дијалог. Но таа не би смеела да прерасне во вербални и физички напади“, вели Ел Јазиди. Гадбан, меѓутоа, истакнува дека е извонредно тешко да се повлече границата до каде всушност досега легитимната критика.

 

DW.COM

Реклама