Опозицијата обвинува за нерегуларности, за ДИК гласањето беше фер и демократско | Северна Македонија | DW | 31.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Опозицијата обвинува за нерегуларности, за ДИК гласањето беше фер и демократско

Излезноста до 18.30 часот е 48,88%, или на гласање излегле 555.943 избирачи. На неколку гласачки места во земјата ќе биде продолжено гласањето.

„Имавме успешен и мирен ден, со изолиран број инциденти. Гласањето беше фер и демократско. Уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно, освен во неколку случаи“, оцени претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, по завршувањето на изборниот ден и затворањето на најголем број на гласачките места. На неколку гласачки места во земјата ќе биде продолжено гласањето. Меѓу нив се и седум гласачки места во Скопје, и тоа: по три гласачки места во општина Центар и во Сарај и на едно гласачко место во Карпош. 

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahlen: Aleksandar Dastevski, Präsident der Wahlkommission

Александар Даштевски

Даштевски соопшти дека излезноста до 18.30 часот на вториот круг од локалните избори 2021 година е 48,88%, или на гласање излегле 555 943 избирачи. Најголема е излезноста во Кочани, 81,2%,  а најниска во Сарај 28,12%. За споредба, излезноста во првиот круг до 18.30 часот беше 48,99%.

Опозицијата верува во победа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победа не само во Скопје, туку и во останатите општини во земјата. Партијата, веднаш по затворањето на гласачките места, одржа прес-конференција на кој беше речено дека зголемената излезност на граѓаните во вториот круг на изборите е одговор на црната кампања на власта. „Веруваме во победа, видовме како изгледа власт која паѓа“, порачаа од партијата.

Тие ја обвинија власта за брутална и несмасна злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, за низа нерегуларности и нарушувања на изборниот процес, кои според опозицијата се доказ дека владата е спремна да ја сочува власта по секоја цена. На вечерашната прес-конфереција во партискиот штав во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ обвини за ширење пропаганда, поткуп на гласачи и притисоци во Радовиш, Ново село, Македонска Каменица и во делови на Скопје. 

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahl Hristijan Mickoski

Христијан Мицкоски

„Денеска во текот на избориот ден новинарска екипа беше спречена да известува, а евидентиран е и физички напад во село Бојане, врз набљудувач на политичка партија“, изјави портпаролката на опозициската партија, Марија Митева.

За сите дејствија коишто се спротивни на Изборниот законик, таа вели дека ќе бидат информирани меѓународните институции.

Претходно лидерот на партијата, Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас, порача дека неправилностите и злоупотребата на државните институции ќе имаат спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина. „Ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените“, рече Мицкоски.

DW.COM