Опозицијата бара интерпелација - Џафери се брани дека ги заклучил пратениците за да ги преброи | Северна Македонија | DW | 26.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Опозицијата бара интерпелација - Џафери се брани дека ги заклучил пратениците за да ги преброи

Дали Џафери го прекршил етичкиот кодекс наскоро ќе расправаат и членовите на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања.

Ситуацијата со меѓусебните обвинувања меѓу опозицијата и собранискиот спикер Талат Џафериескалираше со најави за интерпелација. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ бара одговорност од Џафери откако тој во средата (25.05) ги заклучи вратите во собраниската сала. Координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека „пратениците биле заклучени во пленарната сала по наредба на Џафери, за кого не постои Деловник и не постојат човекови права“. Но, од кабинетот на собранискиот спикер го тврдат токму спротивното: ваквата постапка ја дозволува Деловникот со цел да воспостави ред во собраниската сала. Според Џафери, целта била да се избројат пратениците присутни на седницата.

Што предвидува деловникот?

Според членот 95 од Деловникот, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, така што се потребни мнозинство гласови од присутните пратеници, односно најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. 

„Во текот на вчерашниот ден вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Со оглед на тоа што во салата со куполи, каде што во овој период се одржуваа пленарните седници, нема соодветна опрема, се воспостави пракса координаторот да составува листа од присутни пратеници пријавени за збор“, соопштија од Кабинетот на Џафери.

Nordmazedonien Der Präsident von Mazedonien Stevo Pendarovski spricht im Parlament in Skopje

Ситуацијата ескалираше со обвинувања меѓу опозицијата и собранискиот спикер, Талат Џафери

Расправиите кои траат веќе две недели, откако се појави спорната снимка во која што Џафери со висок тон разговара со вработени во собраниските служби, се префрлија и на денешната седница за пратенички прашања. Опозицијата бараше одговори од премиерот Димитар Ковачевски на бројни прашања поврзани со постапките на Џафери. 

Прекршен ли е етичкиот кодекс?

Премиерот Ковачевски, во однос на прашањето зошто не е свикана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, вели дека голем број седници на собраниските тела се откажани поради бојкотот на опозицијата и дека парламентарните седници не ги закажува премиерот.

„Уште првиот пат кога дадов изјава, реков дека не можам да му наредувам на Собранието на кој начин ќе го спроведува Етичкиот кодекс на однесување, туку за тоа постои соодветна комисија. Исто така, не може на пратениците некој од надвор да им ги закажува седниците. Поради бојкотот на опозицијата во Собранието, голем број седници се откажани и голем број законски решенија не се носат“, рече Ковачевски.

Опозицијата најавува дека интерпелацијата за Џафери ќе ја поднесе наредната недела, а, според најавите, на 6 јуни треба да се одржи и седницата на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, на која што пратениците ќе расправаат дали Џафери го прекршил етичкиот кодекс.