ОН треба да го притиснат Трамп за Ерусалим | Свет | DW | 20.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ОН треба да го притиснат Трамп за Ерусалим

САД ја блокираа резолуцијата за Ерусалим во Советот за безбедност, но муслиманските држави членки на ОН сега го вклучуваат Генералното собрание. Американската амбасадорка во ОН реагира налутено.

Итната седница на Генералното собрание на Обединетите нации би требало да се одржи во четврток, соопшти портпарол на ОН во Њујорк. Претставниците на сите 193 земји членки би требало да гласаат за резолуцијата со која се бара повлекување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Огорченост предизвика и најавата на Трамп за префрлање на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

„Ништовна“

Во понеделникот САД со свое вето ја блокираа реолуцијата во Советот за безбедност на ОН. Останатите 14 земји членки на Советот се согласија со предлог текстот на резолуцијата поднесен од страна на Египет. Во текстот се изразува „длабоко жалење“ за „најновите одлуки во однос на статусот на Ерусалим“, без притоа директно да се спомене Трамп или САД. Сите дејства со кои би требало да се промени статусот на градот се „ништовни“, се вели во предлог-резолуцијата. Израел го поздрави ветото од страна на САД, додека Палестинците го критикуваа.

Повеќе на темата:

Што всушност сакаше Трамп со Ерусалим?

Ердоган бара признавање на Ерусалим за главен палестински град

Дали Генералното собрание сега ќе гласа за истиот текст или за некоја променета верзија е нејасно. Во генералното собрание секоја членка на ОН има глас и не постои право на вето. Оттука, прифаќањето на резолуцијата во случај на гласање важи за веројатно. Резолуцијата има извесна политичка тежина, но меѓународно правно не е обврзувачка.

UN-Sicherheitsrat in New York zu Situation in Nahost | Veto USA (Reuters/B. McDermid)

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, става вето на предло-резолуцијата на Египет во Советот за безбедност

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, ги предупреди останатите членки на ОН да не ја одобруваат резолуцијата. САД ќе ги запамтат имињата на земјите кои ќе гласаат „за“, напиша Хејли на Твитер.

Итни седници на Генералното собрание на ОН се исклучително ретки. Последен пат ваква седница се одржа во 2009 година, а се работеше за источниот дел на Ерусалим, кој е окупиран од страна на Израел, и за палестинските територии.

DW.COM

Реклама