ОН: Саудискиот принц вмешан во смртта на Кашоги?! | Свет | DW | 19.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ОН: Саудискиот принц вмешан во смртта на Кашоги?!

Расположливите докази укажуваат дека саудискиот принц Мохамед бин Салман и други саудиски функционери биле вмешани во убиството на новинарот Џамал Кашоги, открива истрага на Обединетите нации.

Mohammed bin Salman (picture-alliance/dpa/SPA)

Саудискиот принц Бин Салман

Извештајот на 100 страници во кој се документира смртта на Кашоги досега не предизвика реакција од официјален Ријад, иако кралството досега секогаш ги отфрлаше тврдењата за вмешаност во убиството.

Агнес Каламар, специјален известувач на ОН за вонсудски егзекуции, побара од државите да ги прошират санкциите и во нив да биде вклучен и принцот со неговиот личен имот, сѐ додека тој не докаже дека не е вмешан во убиството.

Кашоги, критичар на принцот и колумнист на американскиот весник Вашингтон пост, последен пат беше виден жив пред влезот во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври минатата година, каде сакал да подигне лични документи.

Неговото тело било распарчено и отстрането од зградата, утврди саудискиот обвинител, а остатоците никогаш не биле пронајдени.

Leute halten Bilder von Jamal Khashoggi während der Demonstration vor dem saudi-arabischen Konsulat (imago/Depo Photos)

Протести поради убиството на Кашоги во Истанбул, октомври 2018

„Заклучок на специјалниот известувач е дека Кашоги бил жртва на намерна, испланирана егзекуција, вонсудско убиство за кое е одговорна државата Саудиска Арабија согласно меѓународното хуманитарно право“, пишува Каламар во нејзиниот извештај.

Таа на почетокот на годинава престојуваше во Турција заедно со тим составен од форензичари и правни експерти и тврди дека добила докази од турските власти.

„Постојат веродостојни докази кои оправдуваат натамошна истрага за високи саудиски функционери, меѓу нив и на принцот“, вели Каламар.

Таа бара од генералниот секретар на ОН сега да спроведе меѓународна истрага која треба да ја докаже вмешаноста на принцот Бин Салман.

DW.COM

Реклама