ОН: САД мора да го запрат убивањето на афроамериканците | Свет | DW | 28.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ОН: САД мора да го запрат убивањето на афроамериканците

Комесарката за човекови права на ОН Мишел Бачелет го осуди убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата и бара од властите во САД да преземат „сериозни мерки“ за спречување на убиствата на невооружени афроамериканци.

„Ова е последно во долгата листа на убиства на невооружени афроамериканци од страна на американската полиција и вооружени цивили“, вели Бачелет во изјавата.
„Ужасната сум што морам да го додадам името на Џорџ Флојд до оние на Бреона Тејлор, Ерик Гарнер, Мајкл Браун и многу други невооружени афроамериканци кои умреа низ годините од рацете на полицијата“.

Џорџ Флојд, 46-годишен работник во ресторан почина во градот Минеаполис во понеделникот откако полицаец при апсење повеќе од пет минути го притискаше со коленото врз вратот.

USA Polizei |Tod eines Schwarzen Mannes in Minneapolis

Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд


„Властите во САД мора да преземат сериозни мерки за да ги сопрат ваквите убиства и да обезбедат дека ќе има правда кога тие ќе се случат“, вели Бачелет.

Убиството на Флојд предизвика насилни протести во Минеаполис, но и во други градови во САД. Полицаецот и двајца негови колеги се отпуштени од работа, но градоначалникот на Минеаполис најави дека ќе се бара и кривична одговорност. 

Поранешната чилеанска претседателка која сега е комесар на ОН за човекови права, ја поздрави одлуката на американското сојузно обвинителство да отвори истрага за случајот, но предупреди дека тоа не е доволно.
„Во премногу случаи во минатото, таквите истраги доведуваа до оправдувања на убиствата на сомнителни основи, или беа решавани со административни мерки“, вели Бачелет.

USA Demonstrationen wegen des Todes von George Floyd in Minnesota

Протести и насилства во Минеаполис, 28.05.2020

Таа ги повика и демонстрантите да се смират, откако веќе втор ден во Минеаполис протестите се одбележани со судири со полицијата, палење на продавници и други објекти и грабежи.
Градоначалникот на Минеаполис денеска побара да се ангажира и Националната гарда за смирување на состојбата.

 

DW.COM

Реклама