ОН: Истрага е потребна, но кој да ја води? | Теми | DW | 13.05.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

ОН: Истрага е потребна, но кој да ја води?

Членките на Советот за безбедност на ОН постигнаа согласност дека е потребна истрага за наводите од извештајот на Дик Марти за наводната трговија со човечки органи на Косово, но не сe усогласија кој треба да ја води.

Советот за безбедност на ОН расправаше за Косово

Советот за безбедност на ОН расправаше за Косово

На специјалната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на најновиот тримесечен извештај на генералниот секретар за состојбата на Косово, сите учесници се осврнаа на прашањето за поведување независна меѓународна истрага за наводите за трговија со човечки органи. Шефот на УНМИК Ламберто Заниер истакна дека е важно обвинувањата од резолуцијата на Советот на Европа за трговија со човечки органи и други злосторства на Косово да бидат „што поскоро непристрасно и темелно истражени“.

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ го повика Советот за безбедност на ОН одлучно да поддржи истрага и се заложи за целосна истрага за тоа што се случувало во 1999 година

Dick Marty im Europarat

Известувачот на Советот на Европа, Дик Марти

„Нема да се откажеме или да се повлечеме се’ додека не биде откриена целата вистина за тоа што се случувало. Тоа е наша обрвска кон сите жртви на тој страшен и нечовечки чин и нивните семејства. Нема да ги изневериме“, рече Јеремиќ на седницата на Советот за безбедност посветена на Косово.

Членките на Советот поделени за тоа кој да ја води истрагата

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај во своето обраќање пред Советот за безбедност ја пофали улогата на Еулекс на Косово и оцени дека таа мисија е во состојба да ја води истрагата околу наводната трговија со органи.

Претставниците на САД, Велика Британија, Германија и Франција оценија дека Еулекс има капацитет за таква истрага, додека земјите кои ја немаат признато независноста на Косово, на чело со Русија и Кина наведоа дека истрагата треба да биде водена под мандат на ОН. Амбасадорите на членките на Советот за безбедност го поздравија и почетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина како начин за решавање на практичните прашања.

Автор:АТ/СН/бета

Редактор: Симе Недевски