ОН-Газа пред економски колапс | Вести | DW | 26.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОН-Газа пред економски колапс

*

ОН предупредија од економски колапс на појасот на Газа. Затворањето на граничниот премин Карни кон Израел на почетокот од јуни предизвика застој во економската живот во оваа палестинска автономна област – истакна пратеникот на Светската организација за Блискиот Исток Мајкл Вилијамс. Според проценките на Светска банка, по затворањето на границите 75 насто од фабриките во појасот на Газа мораа да бидат затворени , а десетици илјади Палестинци отпуштени од работа.

По преземањето на власта во појасот од страна на радикално-усламистичкото движење Хамас, Израел поради безбедносни причини преку границата дозволува само пропуштање животни намирници и други добра за дневните потреби на населението во Газа.