Онлајн-берзи за невакцинирани | Информации и анализи за Германија | DW | 24.01.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Онлајн-берзи за невакцинирани

Додека дебатите околу задолжителна вакцинација се засилуваат, во многу земји се појавуваат берзи за вработување само на невакцинирани лица. Невакцинираните сакаат да се „меѓу себе“ и на онлајн страниците за запознавање.

Deutschland | Querdenker-Demo in Frankfurt am Main

Протести против обврската за вакцинирање во Франкфурт (4.12.2021)

„Се бара златар кој би го засилил нашиот тим! Креативен, ангажиран, мотивиран и со сенс за работата.“ Вака гласи еден оглас на златарница од Вирцбург. На прв поглед огласот не е ништо поинаков од вообичаено. Но, потоа следи „Треба да ги поседувате следниве квалитети: самостојна работа, точност, упорност и способност за тимска работа”.

Тоа што дефинитивно не се бара од кандидатот е сертификат за вакцина против КОВИД-19. Овој оглас за вработување може да се најде на швајцарскиот портал за вработување „impffrei.work“ (работа за невакцинирани). Оваа „алтернативна берза на труд“ постои од јули 2021 година и ги покрива сите земји од германско говорно подрачје. Се бара сè - од занаетчии, преку менаџери за продажба, до софтверски инженери. Како што е нагласено на сајтот, главната цел е да се „спротивстават на исклучувањето и рушењето на угледот на вработените“ и „за заштита и на работодавачите и вработените од економските штети“ кои се закануваат поради „таканаречената пандемија“.

Зголемен притисок врз невакцинираните

Самото лого на оваа веб страница – стисната тупаница која крши шприц – веќе изгледа како објава на војна. „Многу интелигентни и слободоумни граѓани“ ја препознаа „здравствената опасност“ од вакцините и не сакаат да се вакцинираат, пишува на страницата. Но, поради тоа ризикуваат да ја загубат работата.

Факт е дека сè повеќе се зголемува притисокот врз невакцинираните на пазарот на трудот, вели Тобијас Вернер, адвокат од Берлин специјализиран за трудово право. Повеќе меѓународни компании, како ИКЕА или Ситигруп, веќе одлучија да ги намалат бенефициите за невакцинираните вработени, како на пример, скратување на парите за боледување, или пак во иднина да не вработуваат невакцинирани.

Screenshot Online-Jobportal „Impffrei.work“

Скриншот од порталот „Impffrei.work“

„Во принцип ваков пристап е дозволен за нововработените,“ вели Вернер. „Кај постоечките договори не може да има отпуштање работници поради тоа што не сакаат да се вакцинираат. Но, овие лица може да се прераспределат на друга работна позиција“, појаснува адвокатот.

Уште построги правила има во земјите во кои има задолжителна вакцинација за одредени професии. И во Германијаод 15 март треба да се воведе задолжителна вакцинација во здравствениот сектор.

Огласуваат и здравствени установи

Токму во оваа област се наоѓаат посебно многу понуди за работни места - и во Германија. Се бараат фармацевти, забни техничари, акушерки, па дури и негуватели, делумно со додатокот дека „невакцинирани се посебно добредојдени”. Но, најдоцна во март годинава овие работодавци може да се соочат со проблеми. „Од тогаш во Германија ќе важи задолжително вакцинирање за персоналот што работи во клиники, старечки домови или лекарски ординации, така што нема да може веќе да се ангажираат лица кои немаат доказ за вакцинација или прележана болест”, вели Вернер и додава дека тогаш таквите вработени би можеле и да го загубат своето работно место.

Но, тоа не е пречка за работодавачите да даваат вакви огласи. Со 550 работни позиции во понуда швајцарската берза е релативно мала, но во изминатите месеци во повеќе земји во светот никнаа слични берзи, како на пример во Канада, САД и.т.н. Нивната улога не е ограничена само на барање работа, бидејќи на сите им е заеднички именител негативниот став спрема актуелната корона политика.

Тие делумно шират и дезинформации или лажни тврдења за корона-пандемијата и вакцините. Швајцарската берза, на пример, има и посебен блог за таа намена ,каде корисниците може да пишуваат за навидни ризици од вакцината, или за тоа дека вакцините се наводно неефикасни - опширна проверка на фактите од ДВ веќе покажа дека таквите тврдења се неточни.

Symbolbild Home Office Arbeiten von Zuhause mobiles Arbeiten

Онлајн берзи за невакцинирани има не само во сферата на работа, туку и на полето на запознавање партнер/ка

Невакцинирани паралелни светови

Не е само швајцарската берза за работа пример за тоа како во изминатите месеци се развивале онлајн паралелни структури меѓу невакцинираните. И при онлајн рандевуата невакцинираните може да останат меѓу себе бидејќи порталот „Невакцинирана љубов”, исто така од Швајцарија, на пример ветува потрага по соодветен партнер без „елементарни дебати” и со тоа дефинитивно погодува во срж.

- повеќе на темата:  Пријателството е поважно од вакциналниот статус

Гидо Гебауер е психолог и самиот има онлајн платформа за наоѓање партнер. Преку студија што ја спровел, открил дека ставот кон пандемијата игра голема улога и во онлајн рандевуата. „Околу 90 проценти од вакцинираните сакаат нивниот потенцијален партнер исто така сериозно да ја сфаќа пандемијата, додека 2/3 од антиваксерите го бараат токму спротивното", вели Гебауер.

Појавата на портали за наоѓање работа и потенцијални партнери за невакцинирани тој ја толкува како уште еден знак за растечката поделеност на општеството. „Индивидуално е сосем разбирливо невакцинирани да си бараат невакцинирани партнери или да сакаат да работат во такво опкружување“, вели психологот.

- повеќе на темата: Дали коронавирусот го разединува општеството?

Де факто невакцинираните се чувствуваат под притисок од вакцинираното мнозинство. Но, општествено погледнато, таквиот развој на паралелни структури Гебауер го смета за опасен. „Ние поминуваме многу време не само со партнерот, туку и на работа, а таму се зборува за многу теми и надвор од работата, како на пример за здравјето“, вели Гебауер и посочува дека „ако невакцинирани сега запознаваат само невакцинирани партнери, имаат само невакцинирани пријатели и работат само со невакцинирани колеги, тогаш ќе се зацврсти отуѓувањето од мнозинството во општеството и има опасноста тие луѓе да станат уште поизолирани отколку досега."