Омикрон дошол во Европа порано отколку што се мислеше | Европа | DW | 30.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Омикрон дошол во Европа порано отколку што се мислеше

Новиот сој на коронавирусот, Омикрон, во западна Европа пристигнал порано отколку што досега се мислеше. Сега истражувањето се проширува со контрола на постари корона-тестови.

Холандскиот здравствен институт РИВМ денеска соопшти дека присуство на Омикрон е утврдено во две тест-проби кои датираат од 19 и 23 ноември. Јужноафриканската Република го објави постоењето на новата варијанта на коронавирусот на 24 ноември.

Холандските власти досега сметаа дека 14 патници од Јужноафриканската Република, кои на 26 ноември слетаа на аеродромот во Амстердам, се првите лица заразени со сојот Омикрон. Сѐ уште не е јасно дали инфицираните лица тестирани на 19 и 23 ноември престојувале во Јужноафриканската Република или не, соопшто РИВМ. Тие се информирани за наодот од нивните тестови и властите ги следат нивните контакти.

Повеќе:

 Што знаеме за Омикрон, новиот корона-сој од Африка

Омикрон со „голема веројатност“ пристигна и во Германија

РИВМ најави и истражување на распространетоста на Омикрон во Холандија. За таа цел ќе бидат испитувани и други проби од периодот пред 24 ноември.

Infografik COVID-19 Länder mit Omikron 30.11. 08:40 EN

Светската здравствена организација го категоризираше Омикрон како „загрижувачки“ и предупредува од „многу висок ризик“ во светот.