Омикрон во Европа: Патници од Јужноафриканската Република уапсени по бегство од карантин | Свет | DW | 29.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Омикрон во Европа: Патници од Јужноафриканската Република уапсени по бегство од карантин

Брачна двојка избега од хотел-карантин во Холандија, по што беше уапсена. Како им успеало бегството, сѐ уште не е познато.

Маж од Шпанија и неговата сопруга од Португалија, сместени во хотел-карантин во Холандија откако со тест се покажало дека се позитивни на коронавирус, успеале да побегнат, но кратко потоа се уапсени. Сега повторно се наоѓаат во карантин.

Пограничната полиција на амстердамскиот аеродром Схипхол ја уапси брачната двојка вчеравечер. Мажот и жената веќе седеле во авион кој требало да тргне за Шпанија. Сѐ уште не е познато како на двајцата им успеало бегството, изјави портпарол на полицијата. „Различни единици, меѓу кои и граничната полиција, се грижат за тоа никој да не го напушти хотелот“, изјави портпаролот. Според полицијата, нејасно е и како на двајцата им успеало да влезат во авионот.

Niederlande Amsterdam Schiphol Airport

Уапсените веќе седеле во авион кој требало да тргне за Шпанија

Против уапсените полицијата поднесе пријава за повреда на законските одредби за карантин. Дали ќе биде покрената кривична ппостапка за загрозување на јавната безбедност ќе мора да одлучи Обвинителството, изјави портпаролот на граничната полиција во Холандија.

Повеќе:

Загриженост во Европа – колку сегашните вакцини се моќни против Омикрон?

Лекарите добиваат закани од антиваксери

Омикрон со „голема веројатност“ пристигна и во Германија

На аеродромот во Амстердам во петокот (26.11) коронавирус беше констатиран кај 61 од вкуно 624 патници од Јужноафриканската Република. Позитивните лица беа однесени во хотел-катрантин. Вчера беше соопштено дека најмалку 13 од 61 позитивно лице се заразени со варијантата Омикрон. Засега е нејасно дали и уапсената брачна двојка е меѓу инфицираните со омикрон. Светската здравствена организација ја категоризираше Омикрон-варијантата како „загрижувачка“.