Олимпијада во Рио: промашен почеток | Панорама | DW | 05.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Олимпијада во Рио: промашен почеток

Олимписките игри во Рио треба да бидат фестивал на народите и изложба на постигнувањата на новиот Бразил. И двете работи во моментов се под прашање, зашто стартот веќе беше прописно промашен, смета Јоша Вебер.

Томас Бах стана сериозен, ги собра очите и го фокусираше погледот на една точка. Како формално да го предизвика прашањето кое му го поставив, а кое гласеше, може ли тој да им погледне во очи на спортистите, кои се длабоко разочарани од неговата одлука да се му се допушти речиси на целиот руски олимписки тим да учествува на Летните олимписки игри во Рио де Женеиро. Малку пред тоа Бах како претсeдател на Меѓународниот олимписки комитет на конференцијата за печат рече дека одговорот на тоа чувствително прашање оди во таа насока дека всушност „тој е оној кој конечно мора да биде во состојба на спортистите да им погледне во очи“.

Сега Бах длабоко воздивна и рече: „Јас на спортистите можам да им погледнам во очи, бидејќи мојата совест е чиста“. Нагласи и оти за тоа има широка поддршка од спортските сојузи. Притоа со ниту еден збор не ги спомена широкиот круг луѓе од спортот и општеството кои не ја поддржуваат неговата одлука и кои се против неговиот курс. Притоа едно е јасно: За него дебатата за Русија е завршена, но се лаже за тоа. Тоа е погрешна проценка.

Борбата против допинг- детска претстава

Фактот дека 271 руски спортисти ќе учествуваат на Олимписките игри е шлаканица за оние спортисти кои не користеле допинг. Овој „фаул“ нема туку така да биде заборавен. Најпрво медиумските извештаи и изјави на инсајдери, а потоа и деталниот извештај на Светската агенција за борба против допингот покажаа оти руските спортисти се систематски допингувани и дека тоа било организирано низ цела Русија. Тука не станува збор само за одделни случаи на допинг туку за вистинска лавина измами, наведено е во извештајот. Но тоа, како што смета Томас Бах, не е доволно рускиот тим да се исклучи од учество на Олимписките игри.

Weber Joscha Kommentarbild App

Јоша Вебер

Тој додава дека притоа е користен „систем на праведност“. Одлуката на Меѓународниот олимписки комитет 'де факто' да им дозволи на руските олимпијци да учествуваат на игрите разоткрива оти борбата против допинг е само 'шоу' или претстава.

Праведно би било кога би се санкционирале систематските кршења на правилата. Праведно би било спортистите кои не земаат допинг да бидат земени во заштита од измамници. Праведно истотака би било одлуката за тоа некој тим да учествува или не на Олимпијадата да се носи од страна на независни агенции како што е Меѓународната антидопинг агенција. Ништо од сето ова не се случи. Целото олимписко движење, пред почетокот на Олимписките игри, се најде во длабока криза на доверба. Тоа е историски- промашен почеток.

Но тоа не е единствениот проблем на Олимпијадата во Рио. Сѐ уште нема ни воодушевување. Рио овие денови како и секогаш е срдечна но и хаотична метропола, но не и целосно обземена од спортот како Лондон 2012. Луѓето, ако ги прашате, се попрво скептични во поглед на одговорот на прашањето дали кандидатурата за Олимпијадата сепак била добра идеја. Според една анкета на бразилскиот дневник „Естадао“ дури 60 насто од Бразилците веруваат дека овие игри се лоши за земјата, иако населението во Бразил е вљубеник во спортот. Тие бројки би требало да го алармираат Меѓународниот олимписки комитет.

Но, претседателот на МОК, Томас Бах го игнорира тоа. Тој зборува за криза во која се наоѓа домаќинот на Олимпијадата Бразил. Со Олимпијадата, вели тој, тоа нема никаква врска. Заблуда! Бидејќи протестите на улиците на Рио и околината се насочени против Олимпијадата. Студентите и професорите, кои учествуваат во нив поради лошата ситуација во образованието, го попречија патот на олимпискиот факел носен во насокана Маракана, исто како и граѓаните и синдикалците. Бесот и разочарувањето кај луѓето, кои демонстрираат против корумпираната политичка елита, се меша со слоганот кој гласи „против олимписките катастрофи од секаков вид“, кој можеше да се види на Копакабана. Бразил навистина се наоѓа во криза. Олимпијадата мора да внимава да не биде вовлечена во оваа криза.

Надеж сепак постои. За разлика од трката на 100 метри, во која првиот погрешен почеток може да заврши со дисквалификација, организаторот на овој спортско-политички- промашен старт ќе добие уште една шанса. Со започнувањето на спортските натпревари, луѓето ќе ги зафати воодушевување. Затоа постои оправдана надеж, бидејќи тоа често беше случај и порано. Но, организаторите на Игрите не треба да се потпираат на тоа. Тие сега веќе би морале да размислат за реформи во Олимписките игри. Бидејќи, ако премногу бавно тргнат од стартната позиција, проблемите би можеле брзо да ги престигнат.

Реклама