Олимписките игри почнаа со скандал | Теми | DW | 26.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Олимписките игри почнаа со скандал

Репрезентативките на Северна Кореја одбија да истрчаат на теренот и да го одиграат мечот против Колумбија, во рамките на Г групата во фудбал, поради погрешното знаме со кое била преставена нивната земја.

Иако 30-те Олимписки игри официјално ќе бидат отворени утре, натреварувањата во Велика Британија веќе започнаа. Први на борилиштата излегоа фудбалерките, а првиот натпреварувачки ден започна со скандал. Репрезентативките на Северна Кореја одбија да истрчаат на теренот и да го одиграат мечот против Колумбија, во рамките на Г групата, поради погрешното знаме со кое била преставена нивната земја. Репрезентативките на Северна Кореја биле преставени со знамето на Јужна Кореја. Откако организаторот упати официјално извинување, натпреварот сепак се одигра, а севернокорејките победија со 2:0.

На останатите мечеви Велика Британија го победи Нов Зеланд со 1:0, Бразил со 5:0 го декласира Камерун, САД со пресврт ја совладаа Франција со 4:2, Шведска лесно се справи со Јужна Африка победувајќи со 4:1, а Јапонија со 2:1 извојува победа над Канада.