Олимписката виза ќе се „оверува“ преку Доминиканската република
5 јули 2012Македонската кошаркарска репрезентација в петок против селекцијата на Доминиканската република ќе го има досега најсериозниот тест во обид да обезбеди пласман на Олимписките игри во Лондон.
Вчерашниот трет ден од квалификациските натпревари во Венецуела донесоа редица возбудувања и неочекувани резултати, по кои, најдобрите македонски кошаркари сепак завршија на првото место во групата Д и добија полесен противник во четвртфиналето.
Во последниот меч од групата, Нов Зеланд ја порази Ангола и им го донесе првото место на македонските кошаркари. Во групата Ц, пак, Русија убедливо ја совлада Доминиканската република и си обезбеди дуел со Ангола.
Најголемото изненадување на денот го приреди Нигерија која ја совлада фаворизираната Литванија.
Сите четвртфинални мечеви се закажани за в петок.
Во останатите два дуели ќе се сретнат Грција- Нигерија и Литванија- Порторико.
Доколку избори пласман во полуфиналето, Македонија ќе вкрсти со победникот од дуелот Литванија- Порторико.
Трите првопласирани екипи на турнирот ќе обезбедат пласман на Олимпијадата во Лондон.