1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Окупирај го светот“

15 октомври 2011

Почна во Њујорк како мало протестно движење. По еден месец прерасна во глобална манифестација. Денеска во многу градови на петте континетни на светот се одржуваат демонстрации против моќта на финансиските пазари.

https://p.dw.com/p/12sUc
Протестно движење против моќта на финансиските пазариФотографија: dapd

По примерот на американското протестно движење „Окупирај го Вол стрит“ денеска (15.10.11) во целиот свет се планирани манифестации и протестни акции против моќта на финансиските пазари.

Во Франкфурт на Мајна полицијата очекува демонстранции пред седиштетот на Европската централна банка, под мотото „Окупирај го Франкфурт“. Во Берлин демонстрантите ќе се движат кон седиштето на германската влада. Демонстрации се очекуваат и во другите поголеми германски градови: Келн, Минхен, Хамбург, Хановер, Лајпциг и Штутгарт.

Wall Street Wallstreet Protest Demonstration
ДемонстрацииФотографија: dapd

Глобалното протестно движење треба да опфати градови на петте континенти: Лондон, Амстердам, Виена, Скопје, Мелбурн, Сиднеј, Хаваи, јапонскиот град Осака или бразилскиот Рио де Жанеиро.

Движењето „Окупирај го Вол стрит“ почна пред еден месец како мало протестно движење во Њујорк. Оттогаш шурум светот мобилизираше илјадници луѓе.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Гoран Чутаноски