Оксфам: Најбогатите 2.000 колку најсиромашните 4,6 милијарди | Економија | DW | 20.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Оксфам: Најбогатите 2.000 колку најсиромашните 4,6 милијарди

Рапидно расте богатството на најбогатите луѓе на планетата, за сметка на најсиромашните, предупредува фондацијата Оксфам во својот годишен извештај пред самитот во Давос.

Најбогатите 2,153 луѓе во светот контролираат повеќе пари од најсиромашните 4,6 милијарди, додека неплатената или ниско платената работа на жените и девојките додава три пати повеќе вредност во глобалната економија секоја година одошто целата технолошка индустрија, соопшти фондацијата Оксфам.

Фондацијата секоја година пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос објавува студија која се занимава со економските и социјалните параметри и распределбата на богатството во светот.

Според годинешната студија, жените во светот секој ден работат севкупно 12,5 милијарди часови без плата или признание. Само неплатената негувателска работа на жените годишно придонесува со 10,8 трилиони долари во светската економија- што е три пати повеќе од технолошката индустрија.
„Низ светот, 42 отсто од жените не можат да се вработат затоа што се приморани на негувателство, во споредба со само 6 отсто мажи“, велат од Оксфам.

Во последната деценија бројот на милијардери ширум светот се удвоил и тие се побогати одошто 60 отсто од целото светско население. Според статистиката на Оксфам, која многу економисти ја спорат, 22 најбогати луѓе во светот имаат поголемо богатство од сите жени во Африка. Дополнително, доколку најбогатите еден процент во светот плаќаат само 0,5 отсто поголем данок на своето богатство во следните 10 години, тоа ќе ги изедначи инвестициите потребни за отворање на 117 милиони нови работни места во образованието, здравството како и во областа на негата на стари и млади.

 

DW.COM

Реклама