Од Париз се бара продолжување на прекинот на огнот во Газа | Свет | DW | 26.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Од Париз се бара продолжување на прекинот на огнот во Газа

Министрите за надворешни работи од седум земји повикаа на прекин на огнот меѓу израелските сили за безбедност и милициите на Хамас. Тие денеска во Париз ги сондираа можностите за долгорочен прекин на борбите.

На кризна средба во Париз министрите за надворешни работи од седум земји ги повикаа Израел и милитантните Палестинци да го продолжат примирјето, кое трае дванаесет часа. „Секој од нас апелираше до двете страни“, соопшти францускиот минситер за надворешни работи Лорен Фабиус во Париз.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер на маргините на средбата подвлече: „Постигнавме согласност да ги повикаме страните на продолжување на прекинот на огнот од хуманитарни причини“.

Израел и Хамас вчера договорија ограничен прекин на борбените дејствија. Прекинот на огнот важи денеска од 7.00 часот утринава до 19.00 часот по средноевропско време и до попладнево се почитиуваше. „Во ова време мора да се обезбеди хуманитарно снабдување на луѓето во Појасот Газа“, рече Штајнмајер. „Ние мораме да го искористиме времето за да ги подготвиме преговорите за долгорочен прекин на огнот“.

Министрите за надворешни работи се сретнаа во францускиот главен град за да дискутираат за можностите да се стави крај на насилството во Појасот Газа. Покрај германскиот министер Штајнмајер и шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус, на разговорите учествуваа и нивниот американски колега Џон Кери, Филип Хамонд од Велика Британија, како и претставници од Италија, Катар, Турција и ЕУ.