Од ноември отворени граници без ПЦР-тестови во регионот | Информации и анализи за Балкан | DW | 30.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Од ноември отворени граници без ПЦР-тестови во регионот

Српскиот претседател Вучиќ најавува дека од 10 ноември се укинуваат ПЦР тестовите меѓу Србија, Албанија и С.Македонија. Од македоската Влада соопштија дека границите се отвораат од понеделник.

Nord-Mazedonien: Westbalkan Gipfel

фото архива

Од 10 ноември ќе се укинат ПЦР тестовите меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. ваквата можност ја најави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по долгиот онлајн состанок со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година.

Вучиќ информираше дека биле донесени неколку важни одлуки на видео состанокот на тема „Малиот Шенген“, чија имплементација ќе започне на 10 ноември. Она што е сигурно е дека оттогаш, граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест за Ковид-19. 

- повеќе на темата: Коронавирусот галопира на Балканот

„Имавме долга средба со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш, ќе може да се оди во Албанија и Северна Македонија, или оттаму да се влезе во Србија без ПЦР-тест“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека во наредните денови министрите за здравство ќе формулираат договори како да си помагаат едни на други, како да примаат пациенти од Скопје и Тирана, но и како во овие земји да се примаат срски државјани кои живеат на македонска и албанска територија, и како да се регулираат трошоците.

„Ајде да видиме како да си помагаме едни на други со вакцини, да се појавиме некаде заедно во набавката на вакцините“, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа е само една точка од состанокот, што се однесува на Ковид-19.

Од македонската Влада, пак, соопштија дека идејата за отворени граници ќе стартува веќе во понеделник, на 2 октомври. 
„Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев се согласни дека иницијативата за регионална соработка е целосно во согласност со Берлинскиот процес и добра основа за Самитот во Софија.
Активностите на иницијативата за регионална соработка беа одложени поради пандемијата Ковид-19 и изборите во Северна Македонија и Србија и тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција.
Македонската влада на 6 октомври најпрво донесе одлука за укинување на ПЦР-тестовите со соседните земји, но поради влошувањето на состојбата со коронавирусот, потоа ја измени одлуката. На 12 октомври беше соопштено дека граѓаните на Република Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа.  

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест остана на сила, но Владата апелираше до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа. 

DW.COM

Реклама