Од мајката зависи дали детето ќе биде сиромашно | Информации и анализи за Германија | DW | 27.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Од мајката зависи дали детето ќе биде сиромашно

Таткото работи, мајката е дома - одамна раширен модел, кој со себе носи ризици: ако е мајката невработена, на децата често им се заканува сиромаштија, покажува истражување на Фондацијата Бертелсман

Одењето во кино станува голем луксуз, а нормално хоби- недостижно. Многу деца и младинци во Германија на располагање имаат малку пари и така не можат да одат во чекор со секојдневниот живот на своите врсници. Научниците со години се занимаваат со сиромаштијата на децата во земјата. Во студија на Институтот за економски истражувања, ИАБ, изработена по налог на Фондацијата Бертелсман, се наведува дека за сиромаштија на децата може да е одговорен и класичниот семеен модел, кој уште се практикува во западна Германија, според кој таткото работи, а мајката се грижи за домаќинството и децата. Во оваа студија се истакнува дека мајчините приходи се решавачки за тоа дали детето ќе живее во сиромаштија или не.

„Навистина не изненади колку е силно влијанието на вработеноста на мајката на ситуацијата во која се наоѓаат децата“, изјави за Дојче веле раководителката на проектот, Сара Мене од Фондацијата Бертелсман. Според студијата, речиси сите деца се финансиски сигурни ако мајката работи со полно работно време или барем со половина. Од другастрана, ако мајката подолг временски период е невработена, тогаш третина од децата живеат во сиромашна ситуација ако семејството на располагање има помалку од 60 проценти од просечниот приход или социјалната помош од државата.  Исто така се наведува дека останатите 30 проценти повремено биле во опасност да бидат сиромашни. Во студијата се користени информации од 3.180 деца, собрани во период од пет години. 

Kinderarmut Junge beim Sammeln von Pfandflaschen (picture-alliance/Joker)

Децата кои растат во сиромаштија немаат еднакви шанси со другите

Растргнати меѓу одгледувањето на децата и работата

Во далеку понеповолна ситауција се самохраните мајки. Зголемената сиромаштија може да се спречи само ако мајката успеала неделно да работи најмалку 30 часа. Токму поради тоа многу самохрани мајки се во тешка ситуација: поради обврските околу децата, често не можат да работат со полно работно време. Кога станува збор за мајките вработени на половина работно време, најмалку една петтина од децата се сиромашни, додека најмалку 40 проценти се делумно сиромашни. Од другастрана, доколку е мајката невработена, тогаш на децата речиси секогаш им се заканува сиромаштија.

Повеќе:

Еднаш сиромашен, секогаш сиромашен?

Сѐ повеќе сиромашни деца во богатата Германија

За хуманитарната организација „Дојче Киндерхилфсверк“, која се бори за правата на децата и против детска сиромаштија, овие податоци се застрашувачки: „Самохраните родители и натаму се структурно загрозени“, изјави за ДВ Нина Олмајер. Таа инсистира самохраните родители да добиваат дополнителни даночни олеснувања и да им се зголеми минималната сатница.

„Самохраните мајки воглавно извршуваат типично женски работи кои се слабо платени. На тоа дефинитивно мора нешто да се преземе.“ Таа бара и со закон да се регулира правото на враќање на полно работно време. 

@dw_stories Armut in Deutschland Halle-Neustadt Ortsansichten Kinder (DW/Shamsan Anders)

Детската сиромаштија поттикнува општествена поларизација

Сиромашните имаат малку пријатели

Растењето во сиромаштија има сериозни последици, без оглед дали детето потекнува од класично семејство или го одгледувала самохрана мајка. Младите луѓе често се чувствуваат изолирани: „Децата во трајна сиромаштија имаат малку пријатели, ретко се членови на спортски клубови, ретко одат во кино или се занимаваат со некое хоби. Исто така ретко повикуваат пријатели кај себе дома.“, вели Мене од Фондацијата Бертелсман.

„Секако, тоа значи дека имаат помала мрежа пријатели и послабо чувство за припадност кон општеството“. Децата уште од рано детство знаат дека имаат малку шанси во нашето општество, многу помали од шансите на децата од добростоечките семејства. Секако, тоа е масло на огнот кога станува збор за поларизација на општеството. Поради тоа бараме поинакво обликување на давачките во областа на семејната политика и нивниот износ да се одредува според висината на примањата,“ вели Мене.

Моментно, детскиот додаток се исплаќа врз основа на Законот за социјална заштита. Мене се залага децата чии родители примаат социјална помош, исто така да  добиваат детски додаток, додека детскиот додаток на децата чии родители заработуваат повеќе, да биде намален. „Само така може да им се помогне на децата и младите, независно од работата на нивната мајка.“

 

DW.COM

Реклама