Одобрено одземањето на имунитетот на собраниските „вратари“ | Македонија | DW | 30.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одобрено одземањето на имунитетот на собраниските „вратари“

По куса дискусија и без присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа да им се одземе имунитетот на шестмина пратеници поради упадот во Собранието.

Со поединечно изјаснување за секој од шестмината пратеници за кои пристигна барање од Судот, собраниската комисија денеска едногласно одобри да им се одземе имунитетот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски, како и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија се меѓу 36 осомничени од страна на Јавното обвинителство за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ согласночленот 313 од Кривичниот законик. На видео снимките од безбедносните камери, вечерта на 27 април при крвавиот упад во Собранието, може да се види дека дел од овие пратеници ги отвораат вратите на парламентот и им асистираат на граѓаните и насилниците кои влегуваат во него. 

Гледај видео 03:00

Кои пратеници помагаа во упадот во Собранието

Четворицата членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во комисијата не се појавија на седницата.

Комисијата сега треба да го информира Собранието за својата одлука, по што, за одземањето на имунитетот на пратениците треба да гласа и мнозинството во законодавниот дом и тоа во рок од три дена.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата трага по уште 12 осомничени од страна на обвинителството. Сите 12 лица, според Спасовски, се уште се наоѓаат на територијата на Македонија.

Кривичниот суд претходно им одреди мерка затворски притвор на 13 лица, и домашен притвор на уште шестмина. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама