Одлука во Словенија во вториот круг | Свет | DW | 23.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одлука во Словенија во вториот круг

Словенечкиот претседател Борут Пахор, наспроти очекувањата, не е реизбран веќе во првиот круг од претседателските избори во Словенија. Во вториот круг негов противкандидат е екс комичарот Марјан Шарец.

Сите прогнози велеа дека претседателот Борут Пахор ќе биде победник уште во првиот круг на вчера одржаните претседателски избори. Но, тоа не се случи. 53-годишниот Пахор мора да оди во втор круг, каде противкандидат му е градоначалникот на Камник, поранешен комичар и актер, Марјан Шарец.

Slowenien Wahl | Borut Pahor, Wahlsieger (Reuters/S. Zivulovic)

Борут Пахор

Според Централната изборна комисија, Пахор вчера освоил околу 47% од гласовите, додека на контото на 39-годишниот Шарец, кој не припаѓа на ниту една партија, отишле 25% гласови.

„Скромен аплауз од два-тројца и едно тивко браво“, извести словенечката телевизија за расположението во изборниот штаб на Пахор, каде се очекуваше јасна победа уште во првиот круг. Шарец, пак, ги славеше изборните резултати.

Slowenien Wahl | Marjan Sarec, Präsidentschaftskandidat (Reuters/B. Zivulovic)

Марјан Шарец

„Овој резултат е создаден од ништо“, изјави тој. Успех е самиот влез во вториот круг, оцени Шарец, кој тврди дека се кандидирал за да го разбие две и пол деценискиот политички спектар во земјата.

Одзивот на претседателскитеизбори беше нешто над 40%, односно најнизок од прогласувањето на независност на Словенија во 1991 година. Во Словенија претседателот има главно репрезентативна улога. Пахор на оваа функција е од 2012 година. Тој доби имиџ на „Инстаграм-претседател“. На оваа мрежа го следат повеќе од 40.000 луѓе.

DW.COM

Реклама