Одливот на лекари станува драматичен | Македонија | DW | 14.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одливот на лекари станува драматичен

Кој ќе остане да ги лечи македонските граѓани?! Земјата се соочува со растечки лекарски егзодус. Како може да се забави или дури и да се спречи овој негативен тренд?

Елена Димитриева ги привршува студиите по медицина. Учи за лекар во Македонија но не ја гледа иднината во македонското здравство. Таа смета дека има добри причини за тоа. „Условите кои што се нудат овде доколку останеш да работиш се навистина незадоволителни за некој човек кој себе си се почитува", вели Елена.

Таа смета дека нејзината идна професија е толку деградирана во Македонија што на студентите не им дава мотивација да останат и да работат. Се разбира, вели, има исклучоци: „ Оние кои се деца на лекари, со врски, кои имаат загарантирана специјализација и работно место. Не е тајна дека кај нас така функционираат работите, по партиска линија или преку непотизам“, вели Елена.

Гледај видео 02:51

Лекарски егзодус од Македонија

Повеќе на темата:

-Алармантно, Македонија останува без лекари!

-Бранот иселување ја турка Македонија кон пропаст!

-Македонското здравство станува опасно по живот!

Таа е една од многуте студенти кои допрва го печат занаетот а кои веќе имаат планови да заминат.  Посакуваната цел на Елена е Германија и таа е сериозно е посветена да ја оствари оваа цел.

„Во контакт сум со постари колеги кои се заминати во Германија и други земји. Знам дека патот е трнлив, не е едноставно да се замине и таму да се гради кариера и да се успее меѓутоа таму си мотивиран затоа што знаеш дека тоа на крај ќе ти се исплати“ .

Токму слабите плати се една од причините кои ги бркаат лекарите од Македонија. На тоа се надоврзува и  и проблематичната специјализација, како што објаснува Миралем Јукиќ од Здружението на млади лекари на Македонија: „Во Македонија имате две можности. Да бидете приватен специјализант, да работите полно работно време без ниту денар плата, или да бидете државен специјализант со што ќе добивате плата но ќе потпишете меница кои ги нарекуваме лихварски, затоа што доколку се активира се плаќаат од 50.000 до 100.000 евра“

Според Миралем Јукиќ за да запре негативниот тренд потребни се реални мерки. Во прв ред повеќе пари но и подобри услови за работа:„Целта кон која треба да се стремиме е да имаме задоволен лекар. Кој ќе биде платен, необременет со политика или услови за работа, кој единствено ќе се грижи за здравјето на пациентот"

Во последниве години Македонија ја напуштиле над 600 лекари, главно во Германија, но и други ЕУ земји.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама