Одзивот до 10 часот 6,05 отсто | Македонија | DW | 21.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

Одзивот до 10 часот 6,05 отсто

Утрово воопшто не започнало гласањето на едно избирачко место во Студеничани. На другите места гласањето се одвива без проблеми.

До 10 часот, според податоците од 75,28 отсто од избирачките места, гласале 80.569 избирачи или 6,05 проценти, соопшти Државната Изборна Комисија (ДИК) на првата прес-конференција.

На избирачкото место 2073 во Боговиње гласањето започнало со задоцнување од еден час, поради што, за толку време ќе биде и продолжено. Воопшто не било отворено избирачкото место 2344 во Студеничани, а со оглед дека поминале повеќе од три часа, гласањето на тоа место денеска нема ни да започне, соопштија од ДИК.  

Од граѓанската асоцијација МОСТ, која гласањето го следи со повеќе од 1.500 набљудувачи, претходно соопштија дека на гласачко место во селото Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.

Досегашниот тек на гласањето се одвива мирно и без нерегуларности.

Според ДИК, најголема излезност од над 11 отсто утрово имало во Прилеп и Свети Николе, а над 10 отсто во Пехчево, Демир Хисар и Македонски Брод. Најниска била излезноста во Боговиње, Липково, Долнени, Желино и Пласница - под 2 отсто.

Повеќе:Мирно тече гласањето за петтиот македонски претседател

Одзивот на овие избори до 10 часот може да спореди со податоците од минатите циклуси на гласање. При гласањето на референдумот лани во септември, одзивот до 9 часот беше 2,45 отсто, а до 11 часот 8,03 отсто. На локалните избори во октомври 2017 година, излезноста до 10 часот беше 8,98 проценти. На парламентарните избори во декември 2016 година одзивот до 10 часот изнесуваше 9,49 отсто.

DW.COM

Реклама