Одземени телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди | Македонија | DW | 30.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одземени телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди

Се претпоставува дека одземените телефони може да содржат информации за одредени комуникации, што би помогнале во расветлувањето на настаните од 27-ми април, дознаваме неофицијално од извори во истрагата.

Адресите на 36 осомничени, чие приведување беше побарано од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со настаните од 27-ми април, не биле единствените локации на кои полицијата добила наредба да постапува. Како што дознава ДВ од извори од истрагата, во вторникот утрото полицијата посетила уште две адреси: домот во Скопје на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, и домот во гостиварско на пратеникот Весел Mемеди од Национална демократска преродба, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците“.

Како што дознаваме, во тоа постапување и на двајцата им биле одземени мобилните телефони. Од истрагата засега не соопштуваат детали, но се претпоставува дека нивните телефони содржат информации за одредени комуникации во критичниот ден, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април. Засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица. 

Цела вечер во Кабинетот

На 27-ми април Трајко Вељановски беше претседавач со Конститутивната седница на Собранието, која со денови беше блокирана со реплики, контрареплики и процедурални забелешки во врска со изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања. Ден по настаните од 27-ми април, во тв-интервју изјави дека тој ден, по завршувањето на седницата заминал во неговиот Кабинет, дека не знаел оти пратениците на новото мнозинството останале во пленарната сала, ниту што се случувало, а изборот на Талат Џафери го прогласи за незаконски.  На ова прв реагираше пратеникот на НСДП, Горан Мисовски. 

Mazedonien | Neuer Parlamentspräsident kann Amt nicht antreten | Ex-Parlamentspräsident Veljanovski (picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski)

Експретседателот на Собранието, Трајко Вељановски тврдеше дека ноќта на 27 април ја минал во својот кабинет

„Прво, Трајко Велјановски кажа дека 10 минути по прекинот на седницата бил во неговиот кабинет и дека во него останал се до завршувањето на, според мене, злосторничкиот обид за ликвидација на пратениците од парламентарното мнозинство. Второ, од снимките се гледа дека една група хулигани, некои и со маски на главите, поминуваат покрај полициските сили и се качуваат по скалите кои што водат кон кабинетот на претседателот на Собранието и кабинетот што претседателот на Собрание го користи за одредени протоколарни средби. Трето, и двата кабинети се физички издвоени со сигурносна врата преку која што по најкраток пат се доаѓа до прес-центарот, каде што се случи крвничкиот напад, а која што се контролира исклучиво од собраниско обезбедување од Кабинетот на претседател на Собранието. Четврто, бидејки подолго време сум во Собранието најодговорно тврдам дека не постои можност било кој да ја помине сигуроносната врта која што води по ходникот директно во прес-центарот, без за тоа некој да даде налог. И пратениците кога се движеле во тој дел, не можеле да имаат пристап преку сигуроносната врата без да се пријават на интерфонот поврзан со Кабинетот на претседателот на Собранието“, рече тогаш Мисовски.

Притоа потенцираше дека „новото парламентарно мнозинство ќе преземе се што е во доменот на профункционирањето на правната држава, правна разрешница и одговорност за сите што се обидоа да ги ликвидираат пратениците од парламентарното мнозинство, а Трајко Вељановски ќе мора да одговори на многу прашања“.

Исклучени телефони

Дали одземените телефони ќе го дадат одговорот на овие прашања ќе покаже истрагата. Денеска на повик на телефонскиот број на пратеникот Весел Мемеди се вклучува услугата за примање гласовни пораки, а кај Вељаноски јавува дека „корисникот го исклучил мобилниот телефон“.     

Вељаноски вчера реагираше на приведување на лицата осомничени за настаните од 27-ми април, меѓу кои имало и двајца административни службеници вработени во Собранието. Во писмено обраќање до јавноста тој рече дека овие две лица не направиле никаков криминал за време на насилствата.

„Единствениот грев на двајцата млади професионалци е што тие како одговорни личности со долг собраниски стаж за време на настаните од 27 април биле на своите работни места во македонскиот Парламент“, напиша Вељаноски. Прашањето на кое исто така е потребен одговор е - од каде знае Вељаноски кој каде бил и како се однесувал, ако тој во критичните часови цело време бил во неговиот кабинет.

 

DW.COM

Реклама