Огромни очекувања од самитот за Украина во Париз | Свет | DW | 09.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Огромни очекувања од самитот за Украина во Париз

Пред неговата средба со Владимир Путин на самитот на т.н Нормандиски формат во Париз, украинскиот претседател Володимир Зеленски е под притисок. Тој се стреми кон мир - но со евентуални отстапки ризикува бунт дома.

Очекувањата се огромни. Без разлика дали во медиумите или во политиката, расположението е исто: самитот за источна Украина во т.н. формат Нормандија денеска во Париз би можел да донесе пресврт. Особено во Украина, постои невидено количество анализи за тоа на што треба да се обрне внимание на состанокот на шефовите на држави или на влади од Русија, Украина, Германија и Франција и што може да тргне наопаку. Прозападната опозиција го предупредува претседателот Володимир Зеленски да не ги пречекорува црвените линии кога за првпат лично ќе се сретне со шефот на Кремљ, Владимир Путин. Дополнителен притисок доаѓа од странство, при што дури и американскиот претседател Доналд Трамп зборува  за шанса за „голем напредок“.

Зошто Путин патува за Париз како своевиден победник

Причина за возбудата е подготвеноста на Зеленски за мирот во источна Украина да направи болни компромиси со Русија. Впрочем централно ветување на Зеленски откако беше избран за претседател на Украина пролетоска беше токму постигнувањето на мир во војната која татне од 2014 година. Патот до мир е утврден во Договорите од Минск од 2015 година, кои досега не беа спроведени. Кремљ, сепаратистите поддржани од Москва од една и владата во Киев од друга страна меѓусебно си ја префрлаат вината за тоа. 

Од 2016 година немало самит во форматот- Нормандија, затоа што Русија претходникот на Зеленски, Петро Порошенко го означи како блокатор и не сакаше да го прифати како партнер за разговори. По промената на власта во Киев, Москва беше подготвена за разговори, но постави услови за самитот во Париз: повлекување на трупите на украинската армија и на сепаратистите на три избрани локации и писмена потврда од Киев за посветеност кон политичкиот пристап  кој Москва го нарекува „Штајнмајер-формула“ повици. Ова се однесува на предлозите на тогашниот германски министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за специјален статус на сепаратистичките области. „Формулата Штајнмајер“ опишува кога и како треба да стапи во сила соодветниот закон.

Зеленски ги исполни условите на Путин и со тоа се откажа од фундаменталниот став на неговиот претходник: прво траен прекин на огнот - потоа повлекување на војската. До ден во регионот се пука - и речиси секојдневно гинат украински војници. Украинскиот потпис под „формулата Штајнмајер“ предизвика бран протести во Украина. На социјалните мрежи, реномирани активисти се заканија со нови протести пред самитот во Париз, доколку Зеленски отиде предалеку со отстапките при средбата со Путин.

Што Зеленски и Путин сакаат да постигнат во Париз

За Киев, главните заложби во Париз  се целосен прекин на огнот и натамошна размена на затвореници, која се чини дека постојано се одложува . Последен пат директна размена помеѓу Русија и Украина имаше во септември, при што беше ослободен и режисерот Олег Сенцов, кој беше осуден во Русија на 20 години затвор за тероризам. Сенцов изрази скептицизам пред самитот, а неодамна  во Европскиот парламент предупреди  и од евентуална стапица на Путин, во кој Зеленски би можел да падне во Париз. И Олена Серкал, до неодамна заменик-министер за надворешни работи на Украина, во интервјуто за ДВ рече: „Јас се сомневам во искреноста на намерите на Путин“.

Infografik Konflikt Ostukraine DE

Шефот на Кремљ се наоѓа под помал притисок од неговиот украински колега. Целта на Путин во Париз е да го придвижи Киев кон политички отстапки. Во тоа се вбројува и законот за специјалниот статус на сепаратистите, чие важење истекува на крајот на годината. Очигледно досегашниот закон ќе биде уште еднаш продолжен, пред да биде усвоен нов. Освен тоа Москва сака да го принуди Киев на директни разговори со сепаратистите- и со тоа Русија сака себеси да се позиционира како посредник, а не како страна во конфликтот. Главна заложба на Путин меѓутоа би требало да биде, да се поттурне одржување на избори во сепаратистичките области и со тоа да се легитимира нивната автономија.

Транзитот на гас низ Украина

Конечно и нерешеното прашање за транзитот на рускиот гас кон Европа преку Украина придонесува за дополнителни тензии на самитот во Париз. Досегашниот договор меѓу Москва и Киев истекува на 31 декември, а преговорите за наследнички договор досега пропаѓаа. Самитот во Париз веројатно ќе биде последна шанса да се спречи запирање на испораката на руски гас за Европа.

DW.COM

Реклама