Огнен пекол во Дака- десетици загинати | Свет | DW | 21.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Огнен пекол во Дака- десетици загинати

Во катастрофален пожар во главниот град на Бангладеш загинаа најмалку 70 луѓе. Огнената стихија уништи станбена зграда во историскиот центар на градот. Во куќите биле складирани и хемиски супстанции.

Пожарот избувнал синоќа во населбата Чавкбазар во стариот дел на Дака, каде во приземјето на повеќето згради има продавници, ресторани и магацини. Пожарот, избувнал во четирикатна станбена зграда и брзо се проширил на останатите објекти.

Видео-прилог за катастрофата во Дака:

Гледај видео 01:06

70 загинати во пожар во Дака

Според шефот на противпожарната служба и цивилната заштита на Дака, Џулфикар Рахман, досега се пронајдени 70 тела на жртви во катастрофата, а најмалку 50 лица се здобиле со повреди и изгореници. „Бројот на жртви би можел да се зголеми, а потрагата продолжува“, порача Рахман. Тој истакна дека причината за пожарот засега не е позната и оти е отворена истрага.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари. Медиуите во Бангладеш јавуваат дека на некои катови во зградите имало складишта за хемикалии и пластика.

Слична огнена катастрофа се случи во Дака во 2010 година. Во пожарот во станбена зграда во која исто така имало складирано хемиски супстанции, тогаш загинаа 120 луѓе.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама