Ова ли е правна држава? | Свет | DW | 17.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ова ли е правна држава?

Депортираниот екс-телохранител на Осама бин Ладен треба да биде вратен во Германија, продолжува депортација во Авганистан на добро интегрирани луѓе. Вака се поткопува довербата во правната држава, смета Феликс Штајнер.

Оној кој верува дека правната држава и здравата логика не одат рака под рака, од петокот доживува уште една потврда. Станува збор од еднастрана за Сами А., познат како „телохранителот на Осама бин Ладен“, чие име со недели доминира во ударните наслови на булеварскиот печат и на социјалните мрежи предизвикува жолчни дебати. Дури и германската канцеларка, во владината изјава од 28. јуни, даде до знаење дека не може да се помири со фактот што во Германија престојуваат вакви лица.

Заштита на терорист, кому се заканува мачење

На секој граѓанин, кој плаќа данок, случајот му е трн во око: докажан исламист, помагач на своевремено најбараниот терорист во светот, со години живее во Германија и за себе, својата жена и четирите деца прима германска социјална помош. Неговото барање за азил одамна е одбиено, но бидејќи во неговата татковина, Тунис, му се заканува мачење, не може да биде депортиран. Згора на тоа, овдешните безбедносни служби го сврстуваат во категријата „загрозувачи“, потенцијално опасни луѓе. Значи, човек кој секој момент може да изврши напад. Проблемот е што правно гледано, неговата вина досега не можеше да биде докажана, поради што тој со сета сила се спротиставува на депортирање.

Steiner Felix Kommentarbild App

Феликс Штајнер

Дотолку поголемо беше задоволството на приврзениците на чистата човечка логика поради веста во петокот - човекот конечно е изнесен од земјата. Но, радоста траеше само кратко: неколку часа подоцна Управниот суд од Гелзенкирхен издаде соопштение дека протераниот Сами А. што е можно побрзо треба пак да биде вратен во Германија - секако, повторно на сметка на даночните плаќачи. Образложението - тој воопшто не смеел да биде депортиран. Единствена утеха во овој театар е фактот што сега Тунис воопшто не сака да го врати Сами А., туку да го изведе пред тамошен суд.

Ако некој по ова сѐуште има верба во логиката на постапувањето на државата во Германија, секој час му се нудат нови аргументи за нејзино побивање. Имено, се чини дека судската одлука намерно била одолговлекувана, додека да се изврши депортирањето. На вакво нешто човек може само со неверување да заврти со глава. Може да се спори дали секоја донесена судска одлука во Германија е вистински исправна, но државни инстанци целно да саботираат судски одлуки, значи поткопување на правната држава. Тоа е недопустливо!

прочитајте: Германија го протера екс-телохранителот на Осама бин Ладен

Кој сѐ бидува депортиран

Од другастрана на виделина излегуваат сѐ повеќе детали во врска со 69-те Авганистанци, депортирани предминатата недела, од кои еден неколку дена подоцна во Кабул си го одзеде животот. Кај оној кој досега веруваше во тврдењата на државни претставници, дека се протеруваат само деликвенти и тврдокорни неинтегративци, се јавува сомнеж: во меѓувреме локалните новинари, првенствено во Баварија, го „прочепкаа“ опкружувањето на депортираните. Резултатот: еден од протераните Авганистанци веќе триипол години совесно работел како заварувач во средно по големина претпријатие, добро зборувал германски јазик и плаќал данок. Депортиран е и човек кој вршел обука за пекар, во Германија дефицитарно занимање. Две момчиња ноќе се скорнати од кревет и протерани во Авганистан ден пред полагање на нивниот завршен испит во средно училиште. Едното има договор од септември за обука како негувател, исто така дефицитарно занимање. Сите кои на некаков начин имале контакт со споменатите луѓе, ги опишуваат како вредни и волни за интегрирање. 

Можно е сите овие депортации да се беспрекорни од правен аспект. Но, ваквите судбини отвораат прашања, првенствено ова: дали германската држава уште воопшто знае што сака и што прави? Сите доброволни помагачи и сите оние претпријатија кои им даваат шанса на новодојденците, се чувствуваат изиграни. И тоа и покрај тоа што на сите државни служби треба да им е јасно дека без овие луѓе, изјавата на Меркел: „Ќе успееме“, е сосема илузорна. И во овој случај се подрива довербата во правната држава, токму кај луѓето кои ја „носат“ оваа држава, кои ја сочинуваат. Тоа е едноставно фатално.

 

DW.COM

Реклама