Објавена аудио-порака од шефот на Исламска држава | Свет | DW | 23.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Објавена аудио-порака од шефот на Исламска држава

За првпат по речиси една година повторно се појави пропагандна порака, за која се вели дека доаѓа од лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади. Во него, џихадистот ги повикува своите следбеници да истрајат.

Човек претставен како Абу Бакр ал-Багдади во речиси 55-минутна аудио-порака ги напаѓа САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за нивната борба против џихадистичката милиција Исламска држава. Веста беше објавена на релевантни канали на ИД на социјалните медиуми. Дали навистина на снимката се слуша гласот на шефот на терористичката милиција, досега не можеше да се провери.

Лидерот на ИД во пораката ги повика своите приврзеници да продолжат со „џихад“. Ова е прво огласување, кое му се припишува на Ал-Багдади по речиси една година.

Повеќе:

-Калифот на Исламска држава сепак не е мртов?

-Што остана од калифатот на ИД?

-Дали победата над ИД ќе донесе мир во Мосул?

Неговата порака по повод празникот Еид ал-Аде со кој се одбележува крајот на аџилакот, доаѓа во период во кој ИД е поразена во Ирак и во Сирија. Тој во неа уште ги повика џихадистите да бидат трпеливи и да истрајат во борбата против непријателот. Гордоста и победата, истакна тој, ќе дојдат, иако по определено време.

Претходната порака на Ал-Багдади е емитувана на 28 септември минатата година. Тој тогаш ги повика борците на ИД протерани од големите градови во Ирак и во Сирија да им се спротистават на своите непријатели. Непосредно потоа, Исламска држава ја загуби контролата над градот Мосул во Ирак. Лидерот на ИД повеќепати беше прогласуван за мртов, но веројатно и натаму е жив, и според зборовите на ирачки претставници се наоѓа на сириска територија во пограничниот регион кон Ирак.

Ирачките разузнувачки служби на почетокот на јули објавија дека синот на Ал-Багдади е убиен во Сирија во руски ракетен напад врз пештерата во која се наоѓал. САД за фаќањето на шефот на ИД распишаа награда од 25 милиони долари.

DW.COM

Реклама