ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро спроведени | Македонија | DW | 22.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро спроведени

Меѓународните набљудувачи во првичната оценка за спроведувањето на првиот кург гласање на претседателските избори истакнаа дека тоа добива генерално позитивна оценка.

Во прелиминарниот извештај на Мисијата на ОБСЕ, која го набљудуваше првиот круг од  македонските претседателски избори се наведува дека изборниот ден поминал мирно, уредно и транспарентно и добил генерално позитивна оценка од меѓународните набљудувачи. 

Гледај видео 02:14

Сите (не)задоволни

„Гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу спротивставените политички гледишта, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани во кампањата“, се вели во извештајот , кој заклучува дека и покрај одредени технички предизвици, изборите бile во целина добро спроведени.

Во прелиминарниот изваштај меѓутоа е укажано и на слабото изборно законодавство на земјата, и на потребата за негова реформа:

„Регулаторните празнини беа делумно земени предвид преку меѓупартиски политички договори, но останува потребата да се финализира претходно започнатата реформа на изборното законодавство“, се вели во извештајот.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама