Обраќање на Трамп во Долниот дом на британскиот парламент е непожелно | Свет | DW | 07.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обраќање на Трамп во Долниот дом на британскиот парламент е непожелно

Во Долниот дом на британскиот парламент расте отпорот против обраќање на Трамп- и во таборот на конзервативците. Од друга страна, петицијата против посетата на Трамп на Лондон е потпишана од 1,8 милиони Британци.

Претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу (насловна фотографија), стриктно се изјасни против посета на американскиот претседател Доналд Трамп на парламентарниот дом. Беркоу изјави дека, обраќање во Долниот дом не е „автоматско право, туку заслужена чест“. Тој неговото отфрлање го поврза директно со спорната забрана за влез во САД за граѓани од седум доминантно муслимански земји, изречена од Трамп.

Неочекувано вмешување

Беркоу изјави дека и пред овој декрет на Трамп, ќе се изјаснел против говор на претседателот на САД во Долниот дом на парламентот. „По стапувањето во сила на забраната по указот на претседателот Трамп, јас сум уште повеќе против тоа“, изјави Беркоу. Отфрлањето на расизмот и сексизмот како и поддршката на еднаквоста на сите пред законот и на независносто судство се основни вредности за кои се залага британскиот парламент.

Treffen mit dem US-Präsidenten - May bei Trump (picture alliance/O. Douliery - Pool via CNP)

Доналд Трамп и Тереза Меј

Политичарот, кој како парламентарен спикер е обврзан на политичка неутралност на тој начин неочекувано се вмеша во спорот околу планираниот државен прием за Трамп во Велика Британија и со тоа истовремено ја понижи британската влада. Бркоу, исто како и премиерката Тереза Меј, ѝ припаѓа на Конзервативната партија на Велика Британија.

Петицијата против посетата на Трамп потпишана од милиони

Доналд Трамп наредбата за привременаа забрана за влез во САД за граѓаните од седумте муслимански земји како и бројни бегалци, ја потпиша на 27 јануари. Британската премиерка Меј многу воздржано го оцени декратот на Трамп и за тоа беше критикувана во Велика Британија.

Покрај тоа, таа го покани американскиот претседател во државна посета на Велика Британија. Петицијата упатена до британскиот парламент против оваа посета во меѓувреме беше потпишана од 1,8 милиони луѓе. Долниот дом на парламентот затоа мора да дискутира за иницијативата.

DW.COM

Реклама