Обликување на утрешнината на ЕУ: амбициозната цел на Урсула фон дер Лајен | Свет | DW | 17.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Обликување на утрешнината на ЕУ: амбициозната цел на Урсула фон дер Лајен

„Ние можеме!“ Претседателката на Европската комисија во говорот за состојбата на Унијата во време на пандемија на коронавирусот ги избра вистинските зборови, оценува за ДВ од Брисел, Бернд Ригерт.

Вонредни времиња како пандемијата бараат и вонредно дoбри говори. Можеби претседателката на ЕК токму така размислувала кога го пишувала.

Нејзиниот прв „говор за состојбата на Унијата” беше исклучително долг и во некои точки исклучително конкретен. Во овие кризни времиња би требало да влее исклучително многу доверба. Кризата како шанса, тоа беше лајтмотив за претседателката која на функцијата е од декември 2019.

Урсула фон дер Лајен ја пофали отпорноста на ЕУ која на почетокот на пандемијата беше слаба. И навистина брзиот одговор на членките на ЕУ за заедничкото финансирање на долговите преку програмата за обнова е неверојатно достигнување, или подобро кажамо револуција за стандардите на ЕУ.

Може ЕУ, ако има доволно притисок. Сега д моментот да го искористиме тој полет, бара фон дер Лајен. Неопходните промени во земјоделието, дигитализација, заштита на климата, па дури и многу контроверзната миграција мора да се обликуваат, а не да се дозволи да ги диктира катастрофа.

Неочекувано голема количина пари во фондовите за обнова, за чија употреба  следните години ќе одлучува и ЕК, што на претседателката фон дер Лајен и дава голема моќ. А, таасака да ја искористи. Тоа во својот говор јасно го стави на знаење.

Riegert Bernd Kommentarbild App

Бернд Ригерт, автор на коментарот

Даде и неколку конкретно насоки: повеќе од третина од 750 милијарди евра треба да оди како инвестиција за заштита на климатс, 20% за дигиталниот суверенитет на Европа, односно за складирање и обработка на податоци, независно од американски и кинески концерни.

Повеќе:

-Пандемија- како стојат работите со солидарноста во ЕУ?

-ЕУ планира првична вакцинација од коронавирус на 40% од населението

-Регионални жаришта на коронавирус во ЕУ

Истовремено Урсула фон дер Лајен сака да воведе минимална плата во цела ЕУ, здравствена унија со повеќе надлежности во Брисел исигурен догитален идентитет за сите граѓани на Унијата.

Зада ја зајакне слогата во рамки на Унијата претседателката укажа на надворешни опасности. Ги критикуваше Русија, Кина и Турција и инсистираше на независност и во однос на Белата куќа, која пак ја издвоја експлицитно од остатокот на САД.

Разлика меѓу актуелниот американски претседател и претседателката на Европската комисија? За неа не важи мотото “Европа на прво место”, таа сака глобална соработка. Фон дер Лајен не остави простор за сомнеж кого би сакала од јануари следната година да види во Белата куќа. Се одважи да каже дека се надева на нов почеток во трансатлантските односи.

И точен е заклучокот кој претседателката на ЕК го извлекува од однесувањето на претседателот Трамп, Болсенаро и Путин за време на пандемијата. „Егоцентрична пропаганда” веќе не помага.

Таа побара конечно да се дојде до компромис когасе работи за распределбата на барателите на азил. Се залага и за напредок на Западен Балкан.

Обликувањето на утрешницата е амбициозна цел на кризната менаџерка фон дер Лајен. Тоа е улога која не ја одбрасамата, на тоа ја примора пандемијата. Нејзиниот говор е полн со предизвици. Дури употреби и реченица која како да ја препишала од нејзиниот идол Ангела Меркел. “Ќе успееме”, рече канцеларката во кризата во 2015.

„Ние можеме”, рече Урсула фон дер Лајен. Пречката ја подигна прилично високо и сега мора и да ја прескокне.