Обврска за носење заштитна маска и на отворено | Свет | DW | 06.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Обврска за носење заштитна маска и на отворено

За македонските граѓани тоа е одамна секојдневие. Сега сѐ повеќе градови и региони во Европа инсистираат на носење маска и на отворено, со надеж дека така ќе ја контролираат пандемијата на коронавирусот.

Во Европа пред сѐ градовите во Шпанија и Франција воведуваат обврска за носење заштитна маска и на отворено. Во омилените населби во југозападниот француски град Тулуз во средата стапи на сила обврска за носење маска и на отворено. Градските власти во Париз најавија воведување таква обврска за сите многу посетени места во францускиот главен град, како на пример, на променадата на реката Сена.

Од минатата недела француските градови може да воведат мерка зазадолжително носење заштитни маски во јавност. Таква одлука до сега донеле околу 250 градови. Особено општините во крајбрежниот дел на Бретања, но и Монтпелиер и Ница на средоземноморското приморје, воведоа обврска за носење маска на пазарите и улиците. Во Лил на северот од земјата веќе важи задолжително носење заштитна маска на отворено за да се спречи втор бран на корона.

Таква мерка е воведена и во големи делови од Шпанија, како и во делот од Амстердам каде се наоѓаат борделите, како и бизнис квартовите во Ротердам.

Казни за германските „маска - ескиватори“

Во Германија сѐ уште не се зборува за задолжително покривање на устата и носот на отворено. Но, веќе има притисок за зголемена контрола на задолжително носење маски во јавниот превоз и инстант казнување. Северна Рајна Вестфалија планира казнување на лице место со 150 евра за оние кои нема да носат маски во автобус или трамвај.

Повеќе:

-Трамп го менува ставот за маските?

-Колку пластичните визири штитат од коронавирус?

-Потценетa опасностa од корона-аеросолите

Тоа го најави покраинскиот министер за транспорт, Хендрик Вуст за „Рајнише пост“. „Оној кој ќе биде фатен без заштитна маска, мора да се симне на следната станица и веднаш да си ја плати казната.“

Досега беа пишувани казни само ако патниците одбијат да стават маска иако е тоа побарано од нив. „Нема повеќе расправање со ескиваторите кои не сакаат да носат маски“ категоричен е Вуст.

Во Долна Саксонија размислуваат повеќекратно да ја зголемат сегашната казна од 20 евра, а Шлезвиг Холштајн планира да воведе казни за неносење заштитни маски. Во Баварија казните за ова се веќе 150 евра. „Оној кој ги загрозува останатите со право мора да очекува казна,“ изјави баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман. 

Германските покраини со различни концепти за хигиена во училиштата

На почетокот од школската година по летниот распуст, поради корона-пандемијата, сѐ повеќе сојузни покраини воведуваат задолжително носење заштитни маски за учениците, наставниците и вработените во училиштата, откако во понеделникот Мекленбург Предна Померанија беше првата држава која го воведе тоа. Денес Брандебург најави задолжително носење маски за сите во училишните ходници, на скали, во аулите, како и при чекање ред во кафетериите.

И други сојузни покраини планираат во тековната училишна година да воведат задолжително носење маски во одредени делови од училишната зграда, меѓу кои се и Северна Рајна Вестфалија, Баварија, Хамбург и Берлин. Правилата кој, кога и каде ќе мора да носи маска се разликуваат во секоја покраина, исто како и тоа од која возраст се задолжителни.

Во меѓувреме бројот на починати во светот како последица на САРС-КОВ-2 се искачи на 700.000, а регистрирани се над 19 милиони заразени од коронавирусот, од кои 11 милиони се оздравени.

 

Реклама