Обвинувања за шпионажа во Ербас | Свет | DW | 20.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Обвинувања за шпионажа во Ербас

Иследници истражуваат дали вработени во Ербас дале на трети страни тајни документи за германската армија. Ербас се соочува со големо нарушување на имиџот – и можно откажување нарачки.

Luftwaffen-Standpunkt in Wunstorf (Katharina Kobiena)

Ербас за Бундесверот го произведува транспортниот авион А400М

Досега се само сомневања. Но, доколку се докажат, тоа би можело да биде голема шпионска афера. Бидејќи станува збор за најголемиот европски авиоконцерн Ербас, кој исто така конструира и авиони за германскиот Бундесвер. Вработени во компанијата наводно илегално земале планови за два проекта за вооружување на Бундесверот и им ги дале на трети страни. Најверојатно се работи за нови воени комуникациски системи. Јавното обвинителство зборува за предавство и издавање деловни тајни, но не и за воена тајна. Се чини безбедносно-политичкото значење не е огромно.

Според јавното обвинителство во Минхен, Ербас сам се вклучил и стапил во контакт со правосудините органи кога се појавиле сомневањата за тајно споделување информации, а компанијата спровела внатрешна истрага. Информирано е и Министерството за одбрана. Најмалку 17 вработени во Ербас се под истрага. Вклучена е и една адвокатска канцеларија. Истрага се спроведува и во Бундесверот. Според информациите на весникот „Билд“, има сомнеж дека е вмешан и армиски соработник. Против него се покренати и дисциплински мерки. Министерката Анегрет Крамп-Каренбауер досега не може или не сака да даде детали: „Сѐ уште не ми се доставени никакви докази."

Verteidigungsministerin Kramp-Karrenbauer (Reuters/F. Bimmer)

Министерката за одбрана Крамп-Каренбауер не дава детали за случајот

Само „најниско ниво на тајност“

Според обвинителството, конкретно има сомнеж за „оддавање деловни и трговски тајни“ и нивно поттикнување. Исто така, речиси е сигурно дека таргет била и една агенција која е под Министерството за одбрана. Се чини ниту во обвинителството ниту во Бундесверот не знаат точно за какви документи се работи. Во Ербас пак се сигурни дека станува збор за „два проекта на прилично мал бизнис со воено-одбранбена комуникација, а не големи проекти кои се занимаваат со воени авиони и беспилотни летала.“ Ербас веројатно со ова сака да ја минимизира штетата од случајот. Но, и портпарол на минхенското обвинителство исто така даде изјава во оваа насока: „Документите се со најниско ниво на тајност.“

Повеќе:

Ербас престанува со производство на А380

Шпионажа како наставен предмет: „007“ влегува во слушалните

Загубена доверба во Ербас?

Според компанијата, тоа што вработени во Ербас имаат пристап до тајни документи за нарачки од државни компании не е нешто невообичаено. Но, тоа треба точно да се документира, што очигледно не било направено во овој случај, што и предизвикало сомнеж кај раководните служби во концернот.

Ербас конструира авиони за Бундесверот и други воени структури, како на пример новиот транспортен авион А400М. Доколку се потврдат сомнежите за тајно споделување информации од страна на вработени на Ербас, тоа ќе биде тежок удар за европскиот концерн.

Тобијас Линднер, експерт за одбранбена политика кај Зелените, сумира какви последици може да има за Ербас. Во интервју за весникот „Велт“ политичарот вели дека во нормални пазарни услови на компанијата би ѝ биле откажани сите договори и право на учество во вакви проекти. Практично се работи за договори со големи нарачки од редица земји. Доколку се загуби довербата во компанијата, тоа би предизвикало огромна финансиска загуба за концернот.

DW.COM

Реклама