Обвинителството било прислушувано со години | Северна Македонија | DW | 30.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Обвинителството било прислушувано со години

Од јавното обвинителство денеска на брифинг со новинарите соопштија дека институцијата била цел на прислушување кое веројатно траело со години. Опремата била монтирана во рамките на телефонската централа

Од септември 2016 година биле снимани сите влезни и излезни повици на фиксната телефонска мрежа на Јавното обвинителство, брифираа денеска од обвинителството. ОЈО сега ќе истражува дали снимените материјали биле изнесувани од институцијата или на кој било начин злоупотребени. Сите снимени телефонски разговори на обвинителството биле сместени на два хард диска кои се наоѓале во просторијата каде што е телефонската централа. Централата била набавена откако е пуштена во употреба новата зграда на ОЈО.

Од обвинителството ќе проверуваат дали разговорите биле снимани и пред 2016 година, со оглед на тоа што ОЈО е преселено во новите простории во центарот на Скопје од 2013 година.

Според информациите од ОЈО, снимањето на разговорите започнале на 30 септември 2016 година.
Во предистражната постапка која ја води ЈО Скопје ќе се истражува дали биле снимани и разговорите на Обвинителството за организирал криминал и корупција.

 

DW.COM

Реклама