Обвинение за корупција против бразилскиот претседател | Свет | DW | 27.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обвинение за корупција против бразилскиот претседател

Шефот на државата Мишел Темер е под сѐ поголем притисок поради обвинувањата за корупција. Сега генералното обвинителство поднесе тужба пред Врховниот суд, а би можеле да следат и нови.

Станува сѐ понепријатно за претседателот на Бразил. По долга истражна постапка, генералниот обвинител на Бразил, Родриго Жанот пред Врховниот суд на земјата поднесе барање за подигнување на обвинение против претседателот Мишел Темер за пасивна корупција, што е нова постапка која би можела да ја загрози неговата функција по неколку афери.

Неколку часа пред поднесување на барањето, прво од таков вид против еден претседател на Бразил, Темер рече дека е „неуништив“. „Никој не може да нѐ уништи, ниту мене ниту моите министри“, рече Темер.

За да може Темер официјално да биде обвинет и изведен пред Врховен суд, неопходно е барањето на главниот обвинител да го прифатат две третини од пратениците во бразилскиот парламент. Доколку се случи тоа, Темер би можел привремено да биде отстранет од власт, и тоа до 180 дена.

Обвинителот го товари Темер дека ја „преценил својата функција“ и примил поткуп од околу 150.000 долари од компанијата за производство на месо ЈСБ, која е вмешана во корупциски скандал кој го потресува Бразил.

Десетици директори и политичари се уапсени или испитувани поради наводно наплатување по договорот со државната нафтена компанја „Петробрас“ по повисоки цени и користење на дел од парите за поткупување и за изборни кампањи.

Темер ја наследи претседателката Дилма Русеф која беше отповикана од власт на крајот на август 2016 година поради измама и местење на јавните сметки и на државниот буџет.

Што се однесува до Темер, против него би можеле да следуваат натамошни тужби за земање поткуп. Тој е многу неомилен меѓу неговите сонародници и веќе се недели е цел на жестоки критики во јавноста.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама