Обама сака да ја зачува водечката улога на САД | Свет | DW | 26.01.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама сака да ја зачува водечката улога на САД

Американскиот претседател Барак Обама најави план за задржување на водечката улога на САД на економски план. Треба да ги здружиме силите и да спречиме да паднеме во „втора лига“, порача Обама во Конгресот.

default

Американскиот претседател Барак Обама

Барак Обама сака да му помогне на американското стопанство со нови инвестиции во инфраструктурата, научните истражувања и образованието. Само така може да му дадеме нов поттик на стопанството и да ја зaдржиме водечката улога во растечката меѓународна конкуренција, порача американскиот претседател во говорот за состојбата на нацијата пред двата дома на парламентот. Преку засилените државни инвестиции во научните истражувања и образованието треба да создадеме нов бран на иновации, со што ќе создадеме нови индустриски гранки, а со тоа и нови работни места, рече Обама.

За тоа е неопходно Демократите и Републиканците да ги здружат силите наместо да ги трошат на взаемни обвинувања и политички борби за моќ: „Уверен сум дека мораме. Тоа го очекуваат оние кои не’ испратија овде. Со нивните гласови на изборите тие одредија дека двете големи партии треба да ја поделат одговорноста во владеењето со земјата“, оцени Обама и додаде: „Затоа на парламентот му велам вечерва: наместо да ги разгоруваме битките од изминатите две години, ајде да ги решаваме проблемите со кои сме соочени и да одиме понатаму!“

Flash Galerien Obama Rede zur Lage der Nation

Говор на Обама пред пратениците од двата дома на Конгресот

На седницата на двата дома на американскиот парламент пратениците од противничките табори на Демократите и Републиканците седеа едни покрај други, па дури и заедно аплаудираа на некои од изјавите на претседателот на државата. Тоа се случуваше посебно кај најавите на Обама за создавање нови работни места преку државни инвестиции

Symbolbild USA Wirtschaft Rezession

САД против рецесијата

во иновативни гранки: „Пред половина век, кога Русите не’ победија преку лансирањето на сателитот наречен Спутник, се најдовме во шок. Но, потоа нашата земја ја зафати неверојатен елан со засилени инвестиции во научните истражувања и техниката за да го оствариме првиот лет на Месечината“, појасни Обама споредувајќи ја тогашната ситуација со сегашната, во која новите економски сили во подем како Кина и Индија на некои полиња ја загрозуваат водечката улога на американската економија. „Не смееме да застанеме“, апелираше претседателот до нацијата.

Како една од зацртаните цели Обама објави дека САД до 2035 година треба да покриваат дури 80% од потребите по електрична енергија од обновливи извори, наместо досегашната преголема зависност од нафтата.

Малку време за надворешно политичките теми

Американскиот претседател им посвети малку време на надворешно-политичките теми. Тој ги истакна успесите на бојното поле во Авганистан и потврди дека првите американски војници ќе почнат да се повлекуваат според планот во јули годинава. Обама истовремено најави продолжување на решителната борба против терористичката мрежа на Ал Каеда. Претседателот му изрази и отворена поддршка на демократското движење во Тунис, кое успеа да го протера дологодишниот претседател Зине ел Абидин Бен Али.

Автор: Зилке Хаселман/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM

Реклама