НЦЦ: Србија е првенец, Македонија- повторувач | Македонија | DW | 16.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

НЦЦ: Србија е првенец, Македонија- повторувач

Швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг ги анализира оценките кои во извештаите за напредокот ги добија балканските држави од Европската Комисија. Македонија е земја со најголемо назадување

„Кога ќе почнат есенските дождови, на Балканот се делат свидетелства. Владите во Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија минатата недела ги добија оценките, кои нудат информации за нивниот статус на долгиот пат кон интеграција во ЕУ: институциите, легислативата, економските реформи и надворешната политика на кандидатите се сеопфатно анализирани.

До 2014 година свидетелствата се нарекуваа „Извештаи за напредок“, но денес само „Извештаи“.Тоа не е случајно затоа што покрај напредокот во некои сегменти се забележува и стагнација, па и назадување.

Сите земји имаат лоши оценки во делот на правосудството: недостатоци има во ефикасноста, независноста и одговорноста. Слично лоша е состојбата во јавните администрации каде нема реформи ни за лек. Тоа се должи на тоа што армијата административци не се примарно заинтересирани да бидат сервис на граѓаните, туку да служат како изборен резервоар за владејачките партии“.

(...)„Умерениот интерес на јавноста за свидетелствата покажа дека процесот на проширување на ЕУ има помала тежина од порано. Иако сите земји формално се на курс кон ЕУ, политичките елити се подготвени да туркаат реформи само дотаму до каде што не е загрозена нивната моќ. Тоа особено се однесува на слободата на медиумите, која во земји како Македонија, Црна Гора и Србија е силно ограничена. 

Македонија- мултиетничка клептократија

Недостатокот на желба кај речиси сите членки на ЕУ да го продолжат проширувањето кон Балканот, не минува незабележано во овие земји. Тоа создава простор за реформски-симуланти но и за соработка со трети земји како Русија и Турција. 

Mazedonien Anti-Regierungsproteste in Skopje

И клептократијата во Македонија во меѓувреме стана мултиетничка, пишува НЦЦ

Некогашниот првенец, Македонија, денеска е најпроблематично дете. Долгогодишната политика на блокади од Грција поради спорот за името доведе до катастрофалнa преориентација.

Владејачките партии ги заробија институциите во Македонија, што имаше особено лоши последици за правосудството. Изборите во декември треба да доведат до стабилизација на поделената земја. Позитивно е да се забележи дека етничките конфликти- најголемата грижа на Брисел- беа избегнати. Тоа и не изненадува, затоа што и клептократијата во меѓувреме стана мултиетничка“.

„Најдобри ученици во одделението се Србија и Албанија. Тирана е пофалена за своите судски реформи и охрабрена да продолжи.

(...)Србија се наоѓа во невообичаената улога на првенец. Од 2014 година земјата отвори бројни поглавја, иако за најважни се сметаат оние за судските реформи и за Косово. Позитивната оценка на Белград повеќе се должи на константното придржување до регионалното помирување одошто на внатрешните реформи“, пишува НЦЦ.

DW.COM

Реклама