1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Елмас ќе биде за Македонија тоа што е Ибрахимовиќ за Шведска

БГ
12 јуни 2021

Швајцарскиот весник го портретира младиот македонски репрезентативец и го најавува како еден од најголемите таленти во Европа. Европското првенство е негова голема шанса да се претстави пред меѓународната публика.

https://p.dw.com/p/3ukH6
Fussballspieler I Eljif Elmas
Фотографија: Norbert Schmidt/picture alliance

„Мала фудбалска земја, а голема фудбалска ѕвезда. Ваквите примери има се повеќе", пишува швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг во воведот на портретот на Елјиф Елмас. „Норвежаните го имаат Ерлинг Халанд, Швеѓаните го имаат Златан Ибрахимовиќ, Полјаците- Роберт Левандовски. Северна Македонија е далеку помала, но сепак шансите не се лоши во земјата да се развие еден извонреден фудбалер. Со 21 година Елјиф Елмас веќе има 27 настапи за репрезентацијата, седум погодоци и пет асистенции. Неговиот најважен настап во националната селекција овој играч од средниот ред го имаше пред нешто повеќе од два месеци, откако го постигна победничкиот гол во сензационалната победа од 2:1 против Германија во квалификациите за Светското првенство“, пишува НЦЦ.
Неговиот тренер Игор Ангеловски вели дека Елмас е роден да биде голем фудбалер, еден од најдобрите:
„Тој има физички предиспозиции и технички квалитет, брз е со топката, но најважно брз е во размислувањето“.
На само 17 години Елмас направи трансфер од неговиот матичен клуб во Фенербахче Истанбул. Се уште немаше ни 20 кога Наполи пред неполни две години плати 20 милиони евра за да ги обезбеди услугите на талентираниот плејмејкер.
„Во Наполи внимателно го развиваат Елмас. Сезонава играше на 44 натпревари, најголемиот дел како замена од клупата. За да не направи некој непромислен потег, со него во Италија се преселија и неговите родители. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој израсна во Швајцарија, вели дека Елмас ги има сите предиспозиции за да биде голем фудбалер. На Еуро, Елмас ќе има шанса да ја презентира својата извонредна комбинација од робустност и љубов за играта, тркачка подготвеност и опасност по голот пред меѓународната публика“, пишува НЦЦ.
Северна Македонија в недела на 13 јуни ќе го има својот дебитантски настап на Европските првенства со дуелот против Австрија. Следни противници во Групата Ц ќе и бидат Украина и Холандија. Првите два меча се играат во Букурешт, а третиот во Амстердам.

Fussballspieler I Eljif Elmas
Елмас во дресот на италијанскиот НаполиФотографија: Franco Romano/NurPhoto/picture alliance
WM-Qualifikation I Deutschland - Nord Mazedonien | Tor
Победничкиот гол на Елмас против ГерманијаФотографија: Wolfgang Rattay/REUTERS