Нулта точка
25 септември 2006За застојот во разговорите, според палестинскиот претседател, Махмуд Абас, е виновен Хамас, поради судирот околу признавањето на Израел. Абас и движењето Фатах имаат намера во статутот на идната влада на национално единство уште еднаш да ги признаат досега склучените договори со Израел, додека Хамас тоа го отфрла, исто како што не се откажува ниту од насилство. Палестинскиот премиер, Исмаил Ханија, од друга страна дава уверување дека Хамас е сериозно заинтересиран за влада на национално единство.
Со ваква влада Палестинците имаат намера да постигнат пред се прекинување на меѓународните санкции, кои по преземањето на власта од страна на Хамас, беа воведени од страна на меѓународната заедница. ЕУ ја запре финансиската помош за автономните територии, а Израел не ги дава парите од даноци кои треба да им припаднат на Палестинците, и тоа во висина од околу 150 милиони евра месечно.