Почеток на крајот на атомското вооружување? | Свет | DW | 22.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Почеток на крајот на атомското вооружување?

За противниците на нуклеарното оружје денешниот ден е историски: Договорот за неширење на атомското оружје (НПТ) стапува во сила. Единствениот проблем е што не е усвоен од ниту една земја која има атомско оружје.

„Ова е пресвртница“, сметаат во Меѓународната компанија за забрана на атомско вооружување (ИКАН). На интернет страницата на оваа организација има часовник кој го отчукува времето до моментот кога ќе почне да се применува Договорот во пракса. Договорот за неширење атомско оружје (Treaty on the Non-Proliferation of Nuclear Weapons- НПТ) е усвоен во 2017 година со посредство на ОН, и стапува во сила денеска. На земјите кои го ратификуваа овој договор им се забранува производство на атомско оружје, негово складирање, продажба и користење.

Сега, очекуваат противниците на нуклеарното оружје, „ќе може да се изврши поголем притисок врз земјите кои поседуваат атомско оружје, за конечно да ги исполнат старите ветувања за нуклеарно разоружување“, вели за ДВ Лео Хофман-Акстелм, претставник на ИКАН во Брисел. За својот ангажман во борбата против нуклеарното оружје ИКАН доби Нобелова награда за мир.

Застој во денуклеаризацијата

Во последните години процесот за денуклеаризација кочи. Во светот, според наводите на научниците, во овој момент сѐ уште постојат околу 13.4000 парчиња нуклеарно оружје. Околу 90 отсто од ова оружје е во сопственост на САД и на Русија.

Освен овие две земји, атомско вооружување поседуваат и Кина, Франција, Велика Британија, Пакистан, Индија, Северна Кореја и Израел. Нуклеарните сили моментално вложуваат многу пари за да го модернизираат своето атомско вооружување, а со тоа и ги засилија своите арсенали.

Нуклеарните сили го отфрлаат НПТ

Во договорот досега пристапија пред сѐ африканските земји, како и земјите од Латинска Америка и од Азија. Во Европа одзивот беше слаб, засега НПТ го прифатија само Ирска, Австрија и Малта. Нуклеарните сили го отфрлаат овој договор и во тоа сите земји се едногласни. Истата работа важи и за 30-те земји членки на НАТО.

Повеќе:

-Бајден сака да го продолжи договорот Нов Старт со Русија

-Се заканува ли трка во вооружување?

-СИПРИ: „Атомското оружје станува поважно“

Тоа не зачудува - атомското вооружување е од клучно значење за одбранбената стратегија на трансатланскиот сојуз. „Сѐ додека постои атомско вооружување, НАТО ќе биде нуклеарен сојуз“, соопштија од Алијансата на 15 декември 2020 година. Со оглед на тоа дека НПТ е правно обврзувачки само за земјите кои го прифатија, НАТО смета оти НПТ всушност не обврзува на ништо.

Бојкот од Берлин

Таквиот став го дели и германската влада. На тлото на Сојузната Република е стационирано американско нуклеарно оружје - како средство за заплашување на потенцијалниот непријател. Се проценува дека во воената база Бихел, на југозападот од Германија, се наоѓаат 20-тина американски нуклеарни бомби.

Поради тоа, германската сојузна влада и не размислува да пристапи кон Договорот за неширење атомско оружје. Некои земји атомското оружје сѐ уште го сметаат за средство кое се користи во рамки на воен конфликт - така портпаролот на владата Штефен Зајберт во есента 2020 година го образложи ставот на Германија во врска со НПТ. „Сѐ додека е тоа така, сѐ додека Германија и Европа поради тоа се загрозени, според наше мислење постои и потреба за нуклеарно застрашување".

Fliegerhorst Büchel

Воената база Бихел

Посебна категорија

Што тогаш може воопшто да постигне Договорот за неширење атомско оружје? И каква е неговата смисла ако го отфрлаат земјите кои поседуваат атомско оружје? Не баш многу, проценува Јонас Шнајдер, стручњак за атомско оружје од берлинската Фондација за наука и политика. Договорот, вели, добил бројни пофалби, но тој нема да доведе до промена на парадигмата по прашањето за нуклеарно оружје, односно разоружување.

„Државите кои поседуваат нуклеарно оружје, од тоа значително профитираат - и одбранбено и политички, но и по прашањето за нивните врски со другите земји“, потенцира Шнајдер. „Овие земји се атрактивни како партнери за соработка со другите држави.“ Според него, „само прашање на време“ е кога и Германија ќе пристапи на НПТ. Тој очекува дека тоа би можело да се случи во наредните 5 до 10 години. Тоа теоретски би било можно, бидејќи дури и оние земји на чие тло е стационирано нуклеарно оружје, можат да го ратификуваат Договорот. Тие во тој случај би морале да се обврзат дека атомското оружје ќе биде отстрането во одреден временски рок. Соговорникот на ДВ од Фондацијата за наука и политика сепак е значително поскептичен. Ако Германија или некоја друга членка на НАТО сакаат да се придружат на Договорот, „тие во рамки на Северноатланскиот сојуз би биле изолирани и политички стигматизирани“, прогнозира Шнајдер.

Мнозинството против нуклеарно оружје

И додека германската влада го отфрла Договорот, поддршката од населението е прилично голема. Според анкетите, над две третини од испитаниците не го поддржуваат пристапот на Германија за Договорот за неширење нуклеарно оружје. Околу 170 пратеници во Бундестагот, над 100 германски града и 4 сојузни покраини од сојузната влада побараа да го поддржи НПТ.

Германската влада на тоа возвраќа оти „во принцип ја поддржува визијата светот без атомско оружје“, но и напоменува дека „НПТ не е вистинскиот начин за остварување на оваа цел“. „Нема полза од договорот со кој сака да се дојде до нуклеарно разоружување, ако во него не учествуваат и земјите кои поседуваат нуклеарно оружје“, смета шефот на германската дипломатија Хајко Мас. Министерот смета дека по тоа прашање многу подобар би бил стариот Договор за неширење нуклеарно оружје од 1970 година. Кон овој договор се приклучија 191 земја, меѓу нив и 5 држави кои поседуваат атомско вооружување. Германија, исто така, е потписник. Новиот Договор за неширење нуклеарно оружје така стапува на сила иако е спорен. Скептиците се уверени оти тој нема да има никаков значаен ефект, односно поради него нема да исчезне ниту едно парче од нуклеарното вооружување. Но, 89-годишниот Сетсуко Турлов, човек кој во 1945 година го преживеа нападот со нуклеарна бомба на Хирошима, сепак има поинакво мислење. Тој смета дека Договорот е почеток на крајот на атомското оружје.